По осум години, избрана новата влада на Федерацијата БиХ

April 28, 2023
1 min read

Претставничкиот дом на Парламентот на ФБиХ назначи нова ентитетска влада откако високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, наметна измени во Уставот на ентитетот Федерација на БиХ кои треба да го олеснат формирањето на владата на Федерацијата, како и носењето кривични закони во БиХ кои треба да спречат изборни измами

Федерацијата Босна и Херцеговина, денеска, по осум години ја доби новата влада на чело со премиерот Нермин Никшиќ од Социјалдемократската партија (СДП).

Претставничкиот дом на Парламентот на ФБиХ назначи нова ентитетска влада откако високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, наметна измени во Уставот на ентитетот Федерација на БиХ кои треба да го олеснат формирањето на владата на Федерацијата, како и носењето кривични закони во БиХ кои треба да спречат изборни измами.

Според измените кои ги наметна Шмит, за именувањето на новата влада на овој ентитет е доволна согласност на двајца од тројца членови на раководството на Федерацијата Босна и Херцеговина.

Во овој случај, претседателката на Федерацијата, Лидија Брадара, од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и Игор Стојановиќ од Социјалдемократската партија (СДП) дадоа согласност за именување на владата. Рефик Лендо, пак, од Партијата за демократска акција (СДА) не сакаше да даде согласност, сметајќи дека новата влада треба да ја вклучи СДА, која доби најмногу гласови на минатогодишните општи избори.

За именувањето на новата Влада на ФБиХ, што ја сочинуваат хрватските партии, предводени од ХДЗ БиХ, и партиите СДП, Народ и Правда и Наша странка, гласаа 51 пратеник.

Двајца пратеници гласаа против изборот на новата влада на Федерацијата Босна и Херцеговина, додека пратениците на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, и на Демократскиот фронт (ДФ), Жељко Комшиќ, ја напуштија собраниската седница пред гласањето.

Седницата на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина се одржа со големи безбедносни мерки и присуство на голем број полицајци, а пред собраниската зграда граѓани протестираа поради наметнатите одлуки на Шмит.

Владата на Федерацијата БиХ не беше потврдена по изборите во октомври 2022 година, бидејќи претседателката на овој ентитет Лидија Брадара од Хрватска демократска заедница на БиХ (ХДЗ) од редовите на хрватскиот народ немаше согласност од двајцата потпретседатели.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

51. Мајски оперски вечери од 9-31 мај: Одбележување на 210 години од раѓањето на великанот на оперската уметност, Џузепе Верди

Следно

(ВИДЕО) Барањата и наредбите за прислушување повеќе нема да патуваат по курири и затворени плика

Latest from Blog

Интензивно се уредуваат зелените површини во Прилеп

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека привршува косењето на зелените површини во Градската река, а од утре со дополнителна екипа косачи започнува и второто косење на Новите градски гробишта. Од претпријатието посочуваат

Што треба да знаете пред да ја купите вашата прва криптовалута

Купувањето криптовалута може да звучи привлечно, особено за нови инвеститори што ги привлекува можноста за високи приноси и сè поголемата популарност на дигиталните средства. Токму затоа Binance Academy им помага на корисниците

Средниот прст на Рафиња, анти-мадридскиот дрес на Јамал и букетот на Педри (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин Синоќешната парада на шампионатот на Барселона по повод освојувањето на титулата во Ла Лига беше исполнета со голем број куриозни моменти кои брзо добија популарност на социјалните мрежи. Во едно
Go toTop