Лансирањето на првиот турски сателит за набљудување одложено за сабота

April 14, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Лансирањето на првиот турски сателит за набљудување со висока резолуција е одложено за сабота поради неповолните временски услови, јавува Анадолу.

Лансирањето од воздухопловната база Ванденберг, во американската сојузна држава Калифорнија, утрово беше одложено 27 секунди пред планираниот термин за лансирање поради ветер.

Компанијата Спејс Икс на Твитер објави дека операцијата на лансирање е одложена за сабота во 08:47 часот по средноевропско време.

ИМЕЏЕ е сателит за далечинско читање произведен со локални ресурси од Институтот за истражување на вселенски технологии, а на Турскиот совет за научно и технолошки истражувања (ТУБИТАК).

„ИМЕЏЕ, кој ќе ја задоволи потребата за сателитски снимки со висока резолуција на нашата земја, ќе делува во орбитата истовремено со Сонцето на надморска височина од 680 километри“, се вели во соопштението на турското Министерство за индустрија и технологија.

Откако ќе биде лансиран во орбитата, сателитот ИМЕЏЕ ќе служи во областа на одбраната, управувањето со катастрофи, животната средина и урбанизацијата, земјоделството и шумарството.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе почекаме за Барселона: Кои се новите дестинации до кои ќе се лета директно од Скопје?

Следно

Финска ја заврши првата НАТО-вежба како членка на Алијансата

Latest from Blog

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат
Go toTop