Џек Тешеира денеска ќе се појави пред суд за протекувањето на доверливи документи од Пентагон

April 14, 2023
1 min read

Дел од информациите во јавноста во врска со мотивот за објавување на документите се дека тој изразувал скептицизам кон американската влада, но неговите пријатели, пак, тврдат дека Тешеира ниту бил свиркач ниту странски агент

Џек Тешеира

Американецот Џек Тешеира (21), припадник на Националната гарда на Масачусетс, денеска ќе се појави пред суд откако вчера беше уапсен од агенти на ФБИ за протекување на доверливи воени документи од Пентагон поврзани со војната во Украина и други прашања поврзани со националната безбедност.

ФБИ го уапси Џек Териша вчера во неговата семејна куќа во Дајтон, Мсачусетс откако тој беше идентификуван како водач на група за онлајн-разговори каде првично биле објавени документите, а оттаму се проширија и на други социјални мрежи.

Младиот гардист се товари за неовластено објавување доверливи информации, а неговото изведување пред суд се очекува да се случи во Бостон, Масачусетс, подоцна во текот на денот.

Тешеира работел како ИТ специјалист во разузнавачкото крило на Националната гарда на Масачусетс.

Дел од информациите во јавноста во врска со мотивот за објавување на документите се дека тој изразувал скептицизам кон американската влада, но неговите пријатели, пак, тврдат дека Тешеира ниту бил свиркач ниту странски агент.

Онлајн групата каде првично беа објавени доверливите документи е именувана како Таг Шејкер Централ (Thug Shaker Central) и брои околу 20 до 30 луѓе кои споделуваат интерес кон оружје, расистички содржини и видео-игри.

Оттаму документите се проширија и на Твитер и Телеграм, кога Пентагон дозна за случајот.

Документите кои протекоа на социјалните мрежи сугерираат и детално изнесуваат информации за помошта што САД и НАТО и ја пружаат на Украина во војната со Русија, како и за проценките на американските разузнавачки служби поврзани со земјите сојузнички на САД. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Музички ѕвезди и велигденски пакетчиња за најмалите – Во понеделник забава кај Школка

Следно

„Скопје е навистина убав град и туристите го потврдуваат тоа“ – Пет места што секој турист треба да ги посети во Скопје

Latest from Blog

Брачен пар загина во Токио откако остана заробен во сауна зафатена од пожар

Брачен пар почина во Токио откако пред три дена останаа заробени во приватна сауна зафатена од пожар. Трагедијата се случила во градската област Акасака, а полицијата истражува низа сомнителни околности, пишува BBC.

Тошковски за „Сејф сити“: Веќе сега на Клиниката за трауматологија има 20 отсто помалку пациенти со тешки телесни повреди

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува поддршка од пратениците за измените на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик, коишто се последните од пакетот законски измени за официјалната примена на системот

Кина ја укинува даночната поволност за кондоми поради падот на наталитетот

Контрацептивните средства повеќе нема да се сметаат за производи ослободени од данок, што значи дека на нив ќе се применува стандардната стапка на ДДВ од 13 проценти. Овој потег предизвика дебата на

Интер Мајами не е атрактивен за Левандовски

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски не сака да оди во Интер Мајами, објави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо. Левандовски е договорно обврзан со Барселона до крајот на оваа сезона и ќе одлучи за својата
Go toTop