Вучиќ: Единствената цел на Приштина се провокации за да нè вовлечат во војна со НАТО

April 13, 2023
1 min read

Вучиќ оцени дека премиерот на Косово, Албин Курти, инсистира да се одржат избори на северот на Косово, на кои, како што рече, ќе учествуваат партиите на Курти и Тачи, за градоначалниците да бидат од тие партии, а потоа да кажат дека тие општини на север не сакаат да бидат дел од Заедницата на српските општини (ЗСО)

Единствената цел на Приштина е да ги испровоцира Србите и да ја вовлечат Србија во конфликт со НАТО, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ на средба со Србите од Косово во Рашка.

„Знам дека донесовте одлука да не учествувате на изборите. Ги повикувам сите во КиМ да се обединат. Повик до сите како што сте донеле одлука така и да се однесувате и да го почитувате тоа“,

рече Вучиќ во Рашка.

Тој додаде дека локалните избори во четири општини на северот на Косово значат дека 99 отсто од граѓаните не се прашуваат ништо и иронично истакна дека „претпоставува дека ова е демократија која, ако ја загрозиме, ќе бидеме тирани и ја нарушуваме стабилноста на Балканот“.

„Нивната единствена цел е да извршат што повеќе и што е можно посилни провокации за да можат да се претстават како некој вид загрозен Зеленски и да не доведат во конфликт со НАТО, а потоа да го ослободат целиот свет од, како што велат, руски слуги. Тоа е целата смисла на сè што прават“,

изјави Вучиќ.

Тој оцени дека премиерот на Косово, Албин Курти, инсистира да се одржат избори на северот на Косово, на кои, како што рече, ќе учествуваат партиите на Курти и Тачи, за градоначалниците да бидат од тие партии, а потоа да кажат дека тие општини на север не сакаат да бидат дел од Заедницата на српските општини (ЗСО).

Вучиќ смета дека Курти инсистира да се одржат изборите за да каже – сакавме да формираме ЗСО, но Митровица, Зубин Поток и Звечан повеќе не се српски општини и не сакаат да се приклучат на ЗСО. Тој додаде дека ова на Курти би му купило уште шест месеци или една година додека „не помине окупацијата наметната од Курти“, за Западот на тоа да каже – не се мешајте во тоа.

„Да не ги попречуваме во тоа што 0,67 или 0,86 граѓани избираат свои претставници, а останатите 99 отсто не се прашуваат ништо. А тоа е, претпоставувам, таа демократија, која ако ја загрозиме ќе бидеме тирани, разрушувачки фактор“,

изјави Вучиќ.

Тој се осврна и на проблемот со регистарските таблички на Косово.

„Вчера до Брисел го проследивме нашиот последен предлог, кој е повеќе од компромисен од наша страна, и ако не го прифатат, не можам да кажам дека ќе спроведеме реципрочни мерки, бидејќи не сме исти во правниот и политичкиот статус, но ќе преземеме мерки кои ќе направат значаен и сериозен одговор на страната која користи сила и апарат на репресија за да ги малтретира нашите граѓани“,

рече Вучиќ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средношколци од две скопски училишта се истепале за девојка

Следно

Милијарда евра одобрени за набавка на муниција за Украина

Latest from Blog

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија

Ова е трето вакво предупредување, а следуваше набргу откако американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката, пишува Euronews. Во изјавата на социјалните мрежи, портпаролот на

Тошковски е против Армија кај водоводите: Тоа не е работа на војската, опозицијата, без хистерија, да се фокусира на доброто за граѓните

За министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неприфатлив е предлогот на опозицијата водоводите да ги чува Армијата оти сегашното обезбедување се покажа нефункционално, по загадувањето со фекални бактерии на водата во Гостивар.

Димитриеска – Кочоска: Нови средства за општините, земјоделците и социјалната заштита со ребалансот на Буџетот

27 јули 2026 година, Скопје– Со дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година се обезбедуваат дополнителни средства за забрзување на капиталните инвестиции, поддршка на земјоделството, општините и реализација на развојните приоритети на

Коњановски: Гласот на младите е клучен за иднината на Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска учествуваше и се обрати на завршниот мултипликативен настан во рамките на Еразмус+ проектот „GivEUvoice – Materializing Youth Voices Across European Spaces“, посветен на зајакнување на учеството

Општина Битола: Почнуваат „Илинденски денови“ – почеток во 18:30 часот од плоштадот „Магнолија“

Општина Битола и Интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, кој се реализира во рамки на манифестацијата „Бит Фест“, ги покануваат битолчани и сите посетители на еден од највпечатливите и
Go toTop