Ревизорски извештај: Арачиново не наплаќа данок на имот и комунални такси од фирмите

April 13, 2023
2 mins read

Државниот завод за ревизија ги објави ревизорските извештаи на ЕЛС Арачиново. Од ДЗР информираат дека извршиле ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Арачиново, на сметката на основен буџет (630), за 2021 година.

– Со извршената ревизија, изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2021 година и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Извршена е ревизија за 2017 година и издаден е Конечен извештај за финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Општина Арачиново, сметка на основен
буџет (630), при што овластениот државен ревизор се воздржа од давање мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, додека за усогласеност со закони и прописи изразено е неповолно мислење, се наведува во денешното соопштение од ДЗР.

Ревизијата опфатила спроведување на препораките презентирани во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2017 година на Општина Арачиново и било утврдено дека од дадените шест препораки, пет не се спроведени, а една е во тек на спроведување.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност кај Општина Арачиново, сметка на основен буџет (630) за 2021 година, од ДЗР биле констатирани следниве состојби: слабости при спроведување на процесот на буџетирање, реализација на планираните приходи и расходи од 77 проценти и не донесен ребаланс на Буџетот за 2021 година; не е воспоставена единица за внатрешна ревизија ниту меѓу општинска соработка со друга општина во делот на внатрешната ревизија; општината не води регистар на недвижен имот, не издава решенија за задолжување за данок на имот на физички и правни лица, а данокот на промет на недвижности и данок на наследство и подарок не се утврдуваат согласно Методологијата за утврдување на пазарната вредност.

Како што стои во извештајот, општината не остварува приходи по основ на комунална такса на фирма, комунална такса за користење на музика во јавните локали, комунална такса за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места и приходи од надоместок за уредување на градежно земјиште; не е воспоставена аналитичка евиденција на побарувањата за физички и правни лица со соодветна поткрепувачка документација, не е утврден основот за нивно постоење и можноста за нивна наплата.

Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата дала препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

Во делот останати прашања ревизијата ги истакнува системските слабости во законската регулатива и потребата од нивно надминување со цел комплетност и точност на остварените приходи кај општините, а кои се однесуваат и тоа: не е пропишано во кои рокови правните лица овластени за регистрација на
возилата треба да ја уплатат комуналната такса за користење на патишта со моторни возила на сметка на општината; не е пропишана обврска на трговското друштво надлежно за дистрибуција на електрична енергија кое врши наплата на таксата за користење и одржување јавно осветлување од имателите на броила да ги известува општините за бројот на обврзници по категории (број на броила) согласно тарифниот број, како и за наплатените приходи и ненаплатени побарувања по овој основ; општината нема информации за висината на средствата што треба да се уплатат во буџетот на општината по основ приходи од закуп на земјоделско земјиште во сопственост на државата утврдено со Законот за земјоделско земјиште; општината располага со податоци за склучените договорите за концесија за експлоатација на минералните суровини и врши увид на уплатените средства од концесиските надоместоци, но нема можност да ја потврди нивната целосност и точност.

Во соопштението од ДЗР се наведува дека не се добиени забелешки на Нацрт Извештајот на овластениот државен ревизор број 16-133/1 од 25.01.2023 година.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нова водоводна мрежа и асфалтирање на улиците „Корџевска“, „Мишевска“ и „Домазетовска“

Следно

Кинезите пак верглаат за мировен план

Latest from Blog

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата

Михаил Пановски до Левица: „Божиновска не одлучува за цената на струјата и не управува со ЕСМ“

Поранешниот пратеник Михаил Пановски реагираше на денешната прес-конференција на Левица, на која партијата ја критикуваше министерката за енергетика Сања Божиновска. Според Пановски, дел од критиките се однесуваат на прашања што не се

Португалците очекувале дека Роналдо сам ќе се повлече по Мундијалот, новиот селектор дури и поставил услов

Португалската фудбалска федерација очекувала Кристијано Роналдо да се повлече од репрезентацијата по Светското првенство во 2026 година, објавува мадридски „Ас“. Според весникот, при изборот на наследникот на Роберто Мартинез, федерацијата предводена од
Go toTop