Општина Илинден подели 200 хуманитарни пакети на социјално загрозени граѓани

April 13, 2023
1 min read

Во пресрет на Велигден, Општина Илинден подели околу 200 хуманитарни пакети со храна и хигиенски средства на социјално загрозени лица на нејзината територија. Хуманитарната помош беше собрана во акцијата под мотото „Подај рака – хумана општина Илинден”.

– Локалната самоуправа оваа голема хуманитарната акција ја спроведе во соработка со Црвениот крст и бизнис заедницата од општина Илинден, кои несебично подадоа рака на ранливите категории граѓани од Илинден. Во рамки на акцијата под мотото „Подај рака – хумана општина Илинден”, поделени се околу 200 хуманитарни пакети со храна и хигиенски производи. Целта е во пресрет на големиот христијански празник Велигден, да им се помогне на ранливите категории на граѓани од општина Илинден, велат од Општина Илинден.

Градоначалникот Александар Георгиевски изрази голема благодарност до сите општествено одговорни компании кои овозможија преку свои донации успешно да се спроведе оваа голема хумана акција.

– Општина Илинден ќе продолжи и во иднина да спроведува вакви хуманитарни акции, се со цел да им се помогне на ранливата категорија граѓани празничните денови да ги поминат достојно, истакнуваат од Општината.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борисов сака да формира Влада со Петков

Следно

Бензема на чекор до Левандовски во Лигата на шампиони

Latest from Blog

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,
Go toTop