Британската влада ќе им помогне на милион пушачи да се префрлат на е-цигари

April 11, 2023
1 min read

Владата на Велика Британија денеска соопшти дека ќе поттикне и ќе им помогне на милион пушачи во земјата да се префрлат од обичните цигари на „вејп“, т.е. на електронски цигари. Целта е да им се помогне на луѓето кои сакаат да се откажат од никотинот.

„Ќе им понудиме нова помош на милиони пушачи за да се откажат. Владата ќе финансира нов национален план ’Промени за откажување’, прв од ваков вид во светот“, се вели во соопштението на британското Министерство за здравство.

Според овој план, секој петти британски пушач на класични цигари ќе добие „вејп“ уред за е-цигари. Трудниците, пак, ќе добијат и посебни ваучери што ќе им помогнат да се откажат од пушењето.

Во Велика Британија 13 насто од населението се пушачи. Долгорочната цел на Владата е намалување на таа бројка под пет отсто.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дрон падна на аеродром во Русија и експлодира

Следно

Околу 40 отсто од бензинските пумпи во Париз и околината се соочуваат со недостиг на гориво

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop