Зошто другиве и натаму се полоши од Трамп?

April 10, 2023
1 min read

„Обвиненијата против Доналд Трамп во Њујорк дадоа дополнителни докази – иако не беа ни потребни – дека анти-Трампизмот останува многу поголема закана за слободата и демократијата од самиот Трампизам“, пишува во британски Спајкд Тој Слејтер. „Се чини дека наводните обожаватели на либералните норми немаат чуено за принципот на невиност додека не се докаже спротивното.“

Да не се надуени обвинувањата на ниво на кривични дела, она за што се обвинува Трамп, и во случај да е вистина, најверојатно ќе се третираа како прекршоци за кои обвинител немаше да се потегне да отвора предмет. Слични матења со деловните книги имаше и кампањата на Хилари со трошоците за извештајот за „руските врски“ кој требаше да го сруши Трамп. Дури и либерални пера обвинувањата против него ги нарекоа „климави“, додека други се определија за оценката „амбициозни“.

„Оние што сè уште тврдат дека сето ова е само спроведување правда, или лажат или се во заблуда. Поранешните претседатели не треба да бидат над законот, но ниту под него – предмет на упорни повеќегодишни истраги насочени кон пронаоѓање на нешто, што било. Закон кој се користи за гола политичка корист, токму тоа се случува овде“.

Како што пиша американскиот дописник на Спајкд, Шон Колинс минатата недела:

„Дали њујоршкиот обвинител Алвин Брег би го покренал истиот случај, седум години по делото, против друго лице? Ако верувате во тоа, има еден мост во Њујорк што би сакал да ви го продадам“.

Малкумина веруваат дека поранешниот претседател навистина ќе заврши во ќелија после сето ова, иако помислата на Трамп во лисици дел од елитните либерали ги води кон состојба на сексуална возбуда. Но, Трамп не треба да оди во затвор за да се направи штетата. Демократите го претвораат законот во политичко оружје кое треба да се користи против противниците. Со тоа само ги канат Републиканците да ја играат истата игра.

„Уште од шокантната изборна победа на Трамп, Демократите се чини одлучија дека мора да ја уништат демократијата за да ја спасат“, пишува Слејтер. 

Од циркусот Русијагејт, кој се обиде и не успеа да го делегитимира изборниот резултат во 2016 година, до сослушувањата за „6 јануари“, кои се обидоа и не успеаја да го претстават тој глупав бунт на Трампистите како „уривање на поредокот“, до последните обвиненија, Демократите сејат недоверба во демократскиот процес – 72 отсто од нивните гласачи сè уште веруваат во темелно разобличената теорија на заговор дека Русите го донеле ТРамп на власт.

Тешко е на Трамп да се гледа како на поборник на демократски и либерални принципи. Истреска тој многу неслободарски и ужасни работи, ама Демократите – заедно со нивните сојузници во корпоративните медиуми, технолошките гиганти и безбедносната држава –  му покажаа како се прави тоа во пракса.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

СВП и Шпанската амбасада во Македонија организираат чествување на лауреатот на „Златен венец“ во 1990 година, Хусто Хорхе Падрон

Следно

Русија и Украина разменија вкупно 206 заробеници

Latest from Blog

Меси го испрати рекордот на Кристијано во историја, па заплака: Поминувам низ тешки денови!

Фото: ФИФА Х Лионел Меси постигна хет-трик за прв пат во историјата на Светските првенства една недела пред неговиот 39-ти роденден. Во првиот натпревар на Аргентина на Светските првенства, Меси ги постигна

Работна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска. За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката

Килијан е ЧУДО: Мбапе го урна рекордот на Жиру, сега е блиску и до оној на Клосе!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Ѕвездата на француската репрезентација, Килијан Мбапе, го престигна Лионел Меси по бројот на постигнати голови на Светските првенства. Ова стана факт откако напаѓачот постигна два гола во натпреварот од првото коло

Нова експлозија на Блискиот Исток – Израел прави драматичен потег

Смотрих рече дека многу одговорности во поделениот град Хеброн на Западниот Брег и неговите свети места, вклучувајќи го и Гробот на патријарсите, или Авраамовото светилиште, повеќе нема да бидат под палестинската општинска
Go toTop