Четворица планинари загинаа во лавина на француските Алпи

April 9, 2023
1 min read

Инцидентот се случил во Горна Савоа на глечерот Амансет на Алпите, во близина на Мон Блан, во југоисточна Франција, денеска околу пладне. Жртвите биле на планинарење кога се случила лавината, а нивниот идентитет сè уште не е утврден

Најмалку четири лица се загинати во лавина на француските Алпи, објави на Твитер министерот за внатрешни работи на земјата, Жералд Дарманин.

Инцидентот се случил во Горна Савоа на глечерот Амансет на Алпите, во близина на Мон Блан, во југоисточна Франција, денеска околу пладне. Жртвите биле на планинарење кога се случила лавината, а нивниот идентитет сè уште не е утврден.

Дарманин рече дека неколку други лица се повредени, а операцијата за пребарување и спасување е во тек.

И тој и францускиот претседател Емануел Макрон изразија сочувство до жртвите и нивните најблиски.

Пред инцидентот, блискиот ски-центар Контаминес-Монтжои објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа огромен ѕид од снег кој се спушта од планината.

Покрај четворицата загинати, во моментот на несреќата имало уште девет лица, но се уште се утврдуваат информациите за нивната состојба.

Лавината била долга 1 000 метри и широка 100 метри.

Метеоролошката служба претходно не издадла предупредување за лавина, што најверојатно се случило поради ветерот и повисоките температури.

На терен веднаш се испратени дваесетина спасувачи, пожарникари, полицајци и лекари од Итна медицинска помош, а дополнителна помош се уште пристигнува. Во потрагата учествуваат хеликоптери на цивилната заштита и полицијата и кучиња обучени да трагаат по жртви во лавини.

Одморалиштето ги повика луѓето да бидат внимателни ако излегуваат надвор од патеката – подалеку од подготвените ски патеки.

Двајца браќа загинаа во лавина на истиот глечер во 2014 година. И двајцата беа искусни планинари и беа соодветно опремени.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Карим Бензема донесе одлука за неговата иднина во Реал Мадрид

Следно

Расте отпорот против измените на законите за коридорите 8 и 10-д, утре протест на заштитниците на културното наследство

Latest from Blog

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако

Водата во Демир Капија е забранета за пиење

Водата од јавниот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна, објавија попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Како што информираат оттаму, анализите на примероците земени во понеделникот и

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На
Go toTop