Папата ја осуди војната во Украина и побара прекин на немирите на Блискиот Исток

April 9, 2023
1 min read

Насилството во Ерусалим и во регионот „ја загрозува посакуваната клима на меѓусебна доверба и почит неопходни за продолжување на израелско-палестинскиот дијалог“, рече Папата во традиционалната велигденска порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi) пред околу 100.000 верници собрани на плоштадот Свети Петар.

Папата Франциск во својата велигденска порака денеска изрази „силна загриженост поради нападите во последните денови“ на Блискиот Исток, кои, според него, го загрозуваат дијалогот меѓу Израелците и Палестинците. Како и лани, така и годинава Папата посебно ја спомна војната во Украина и побара од меѓународната заедница да стави крај на оваа војна и на сите конфликти во светот.

„Да му помогнеме на саканиот украински народ и неговото патување кон мирот и светлината на Велигден да го осветли народот на Русија. Утеши ги ранетите и сите оние кои ги загубија своите најблиски поради војната, а затворениците нека се вратат дома и нека целата меѓународна заедница се труди да стави крај на војната и конфликтите на глобално ниво“,

рече Папата Франциск.

Во неговата порака, ги спомна и жртвите на разорните земјотреси кои ги погодија Туриција и Сирија во февруари, во кои загинаа над 55 000 лица и беше направена материјална штета во износ од стотици милијарди евра. Во својот говор, беа споменати и други земји каде што владее сиромаштија но и се помоли за жртвите на тероризмот во Нигерија, Мали, Мозамбик и Буркина Фасо.

Според грегоријанскиот календар, денеска е Велигден, а празникот го слават над 2 милиони католици и протестанти ширум светот.

Синоќа, велигденската богослужба во базиликата Св. Петар започна во темница, а потоа ентериерот на базиликата беше ненадејно осветлен, рефлектирајќи ги христијанските верувања дека Исус воскреснал откако бил распнат, а на тој начин доброто го победило злото.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ново детско игралиште и низа инвестиции и проекти во Лисиче

Следно

Пијан фудбалски судија направи скандал во Грција

Latest from Blog

Дали на повидок е најголемата сензација во историјата?! Аргентина и З.Острови ќе играат продолженија!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Аргентина – З.Острови 1:1 по регуларниот дел од мечот од 1/16 финалето кој се игра во Мајами. Па така овој натпревар оди во продолженија 2Х15 минути. Дали на повидок е најголемата

Кој се кладел на 400.000 долари ДЕКА ПУТИН ЌЕ ЗАМИНЕ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Анонимен корисник инвестирал околу 400.000 долари на платформата за крипто обложување Polymarket, предвидувајќи дека Владимир Путин нема да биде претседател на Русија на крајот од 2026 година! Мистериозниот облог привлече големо внимание

Во СДСМ ќе се дискутира за тоа што барала Славјанка Петровска на настан на „нова демократска платформа“

Органите и телата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) идната недела ќе дискутираат за учеството на пратеничката од партијата и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска на настанот под името „Разговори за

Оливер Гласнер три години на клупата на Нотингем Форест

Оливер Гласнер од денеска е нов тренер на Нотингем Форест. Според информацијата на инсајдерот Фабрицио Романо, Австриецот потпишал тригодишен договор. 51-годишниот Гласнер ќе го замени Витор Переира на позицијата главен тренер, чие
Go toTop