Пијан фудбалски судија направи скандал во Грција

1 min read

Полскиот фудбалски судија Павел Рачковски се најде во фокусот на скандал во Грција каде вечерва требаше да го суди првенствениот натпревар меѓу АЕК и Арис во Атина.

Како што наведуваат грчките медиуми, Рачковски утринава со своите помошници во видно алкохолизирана состојба правел проблеми на атинскиот аеродром.

Стив Бенет, претседателот на Фудбалската федерација на Грција, мораше итно да именува алтернативни грчки судии за натпреварот закажан за во 17 часот.

Рачковски веќе подолг период е ангажиран да суди на натпреварите од грчкото првенство, а неодамна беше и главен арбитер на најголемото грчко дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Папата ја осуди војната во Украина и побара прекин на немирите на Блискиот Исток

Следно

Шумски пожари веќе три недели пламтат на северот на Шпанија

Latest from Blog