(ВИДЕО) По големиот пожар во Хамбург, издадено предупредување за отровен чад

April 9, 2023
1 min read

Пожарот во двата магацини за камиони избувна утринава околу 4:30, а полицијата ги предупреди жителите на Хамбург дека кон централното градско подрачје се движи силен чад. Жителите на населбата Ротенбургсорт која се наоѓа во североисточниот дел на градот, добиле препорака да не ги отвораат прозорците и вратите бидејќи постои опасност од контакт со гасови и хемиски соединенија кои биле испуштени во воздухот.

Според информациите на германските медиуми, на местото на пожарот истекува опасна материја – бодород сулфид. Пожарникарите кои учествуваат во гаснење на пожарот тешко се справуваат со оганот, бидејќи во околината повремено одекнуваат детонации. Претставници на противпожарната бригада првично не можеа да дадат никакви информации што го предизвикало големиот пожар во текот на ноќта или што точно имало во запалените магацини.

Германскиот железнички оператор Дојче Бан најави дека поради пожарот мора да бидат затворени шините меѓу Хамбург и Бухен.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франција: Во Марсеј се урна зграда, пожарот ги отежнува спасувачките операции

Следно

Баена се појави пред камерите со последиците од ударот на Валверде (ВИДЕО)

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop