Милановиќ смета дека Хрватска не смее да биде заложник на амбициите на премиерот Пленковиќ

April 8, 2023
1 min read

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека е важно датумот за парламентарните избори да не се прилагодува на амбициите и интересите на премиерот Андреј Пленковиќ, откако во јавноста се појавија информации дека токму Пленковиќ има амбиции да стане потенцијален кандидат за нов генерален секретар на НАТО. Притоа, тој рече и дека Пленковиќ живее за да се препаркира некаде

Милановиќ воедно изјави дека Хрватска не смее да биде заложник на амбициите на премиерот, а позицијата генерален секретар на НАТО, според него, никгоаш не функционирала како нешто креативно или пак политички важно.

„Мене ми е важно да се избегне прилагодување на датумот на избор за потребите на претседателот на Владата и неговите амбиции да се премести во некое високо меѓународно тело. Инаку, во време на криза шефот на НАТО е само медиумски присутен, но тој мора да биде допадлив за Вашингтон и Париз“,

рече Милановиќ.

Тој воедно рече дека не може да го види Пленковиќ како генерален директор на НАТО, бидејќи таму во принцип мора да бидете послушни и одговарате на претпоставените, а Пленковиќ според него, низ текот на целата негова кариера забивал ножеви во грб на лицата кои му помагале.

Инаку мандатот на актуелниот шеф на НАТО, Јенс Столтенберг му истекува на 30 септември, а покрај Пленковиќ, како потенцијални кандидати се спомнуваат и романскиот претседател Клаус Јоханис и естонската премиерка Каја Калас. Кој ќе биде следниот генерален директор, би требало да биде познато до крајот на јули годинава.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кои експерти ќе учествуваат во работната група за уставните измени?

Следно

ХОРОР во Албанија: Убиена мајка на две деца, убиецот е член на семејството

Latest from Blog

Кина ги предупреди САД и Израел: „НЕ ГО ДОПИРАЈТЕ НОВИОТ ИРАНСКИ ЛИДЕР“

Пекинг денес изрази противење на каква било странска акција насочена против новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи. „Кина се спротивставува на мешањето во внатрешните работи на други земји, под каков било

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop