Невозможно е претседателските и парламентарните избори в година да бидат ем редовни ем во исто време – вели доцент Кртолица

April 7, 2023
2 mins read

Доколку од 4 август (кога истекува мандатот на актуелните пратеници, н.з.) се вратиме 90 дена назад, ќе забележиме дека поклопувањето на роковите за избор на претседател и за одржување парламентарни избори е навистина кусо, односно само пет дена – вели доцентот по политички систем на „Јустинијан Први“ при УКИМ, Марко Кртолица, во „360 степени“ на ТВ Алсат

Невозможно е претседателските и парламентарните избори в година да бидат редовни и да се одржат во исто време, анализира Марко Кртолица, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат. Мандатот на актуелниот шеф на државата завршува на 12 мај, а на пратениците во сегашниот собраниски состав на 4 август.

Во случај на редовни претседателски и парламентарни избори, рокот во кој треба да се спроведат се совпаѓа само пет дена (обоен во зелено на графичкиот приказ)

Кртолица, посочувајќи ги уставните и законските рокови, рече дека шеф на држава се бира во последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател, додека редовни парламентарни избори се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на сегашниот собраниски состав.

Член 63 од Уставот на Република Северна Македонија

„Доколку од 4 август се вратиме 90 дена назад, ќе забележиме дека поклопувањето на роковите за избор на претседател и за одржување парламентарни избори е навистина кусо, односно, ќе се вратиме до 7 мај, што би оставило само пет дена разлика меѓу можноста за спроведување на парламентарните избори и втор круг претседателски избори и истекот на мандатот на претседателот. Практично, пет дена ќе биде прекраток рок за да дојдеме во ситуација каде што изборот на новиот претседател ќе го спроведеме пред истекот на мандатот на стариот претседател. (Ако се оди на заеднички избори н.з.) би влегле во ситуација со знаење дека изборот на новиот претседател ќе се случи по истекот на мандатот на претседателот“,

објаснува доц. Кртолица, анализирајќи ги законските рокови.

Доцент Марко Кртолица во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат

Притоа, Кртолица вели дека при распишување на претседателските избори, претседателот на Собранието ќе треба да биде внимателен и точно да ги предвиди изборните рокови. Евентуалниот втор изборен круг, роковите за приговори до Државната изборна комисија итн., треба да завршат пред 12 мај за на тој датум новиот претседател да може да ја преземе функцијата, сè со цел да се обезбеди континуитет, вели тој.

„Би требало да бидеме внимателни во поглед на тоа кога ќе биде првиот круг, бидејќи, теоретски, постои можноста кандидатот да победи и во прв круг, меѓутоа прилично е висок потребниот број на гласови за да имаме победник во прв круг, бидејќи се бара мнозинство од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список. Тоа неминовно ќе наметне потреба од втор круг. Покрај земањето предвид кога би бил вториот круг, односно две недели по првиот круг, мора да се земат предвид и роковите што се врзани за приговори кон ДИК, како и тужба кон Управниот суд. Практично, претседателот на Собранието би требало да биде внимателен, сите овие рокови да ги земе предвид, со цел да остави можност ДИК да ги прогласи претседателските избори за завршени и новиот претседател да се стекне со уверението за да можеме да продолжиме кон следната фаза“,

вели Кртолица.

На новинарска констатација дека Уставот предвидел и ситуација кога нема шеф на државата или му завршил мандатот, вршител на таа функција да биде претседателот на парламентот, Кртолица смета дека таа опција не е најдобра.

„По мене, вистинската насока во која ние треба да се движиме е претседателот да биде избран и да се обезбеди континуитет. Да избегнеме состојба во која би имале дисконтинуитет меѓу стариот и новиот претседател, со цел да избегнеме каква било неизвесност“,

вели Кртолица.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шведската полиција уапси четворица под сомнение за тероризам

Следно

Русија официјално го обвини за шпионажа американскиот новинар Гершкович

Latest from Blog

Проданоски упати честитка за Илинден: Само сплотени можеме да ги надминеме предизвиците

По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката и големиот христијански празник Свети Илија, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба. Проданоски

Борнмут е посилен за Антонио Силва

Во пресрет на новата Премиер лига сезона, тимот на Борнмут се реши да се засили со нво играч од Португалија. Се работи за досегашниот член на тимот на Бенфика, Антонио Силва, кој

Стара Водејнца – вкусот на традицијата во срцето на Јабланица

Во живописното подножје на планината Јабланица, помеѓу селата Октиси и Вевчани, се наоѓа ресторанот „Стара Водејнца“ – вистински гастрономски бисер кој со години ги освојува срцата на домашните и странските посетители. Опкружен

Погоден танкер во Ормускиот теснец

Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ
Go toTop