Украина: Протекувањето на плановите на САД е руска дезинформативна операција

April 7, 2023
1 min read

Во изјава за Ројтерс, советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак, кажал оти објавените податоци за кои пишува „Њујорк Тајмс“ содржат голема количина фиктивни информации, а дека Русија се обидува да го врати моментумот во инвазијата

„Њујорк тајмс“ претходно објави дека Пентагон истражува како документите со детали за плановите на САД и НАТО за зајакнување на украинската војска за планирана офанзива се појавија на Твитер и на Телеграм

Протекувањето на тајните документи за плановите на САД и НАТО да му помогнат на Киев пред планираната офанзива против руските сили, се чини дека е руска дезинформативна операција која има цел да поттикне сомнеж за контраофанзивата на Украина, изјави советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак.

Во изјава за Ројтерс, Подољак кажал оти објавените податоци за кои пишува „Њујорк Тајмс“ содржат голема количина фиктивни информации, а дека Русија се обидува да го врати моментумот во инвазијата.

„Тоа се само стандардни елементи на оперативните игри на руската разузнавачка служба и ништо повеќе. Русија бара каков било начин да го врати моментумот, да се ​​обиде да влијае на сценаријата на украинските контраофанзивни планови, да внесе сомнежи и да нè заплаши со тоа колку се ‘информирани’“,

рекол Подољак во писмената изјава за Ројтерс.

„Њујорк тајмс“ претходно објави дека Пентагон истражува како документите со детали за плановите на САД и НАТО за зајакнување на украинската војска за планирана офанзива, се појавија на Твитер и на Телеграм.

Аналитичарите велат дека се чини оти протечените документи се изменети од нивниот оригинален формат. Во протечените верзии на документите проценките на САД за украинските жртви се претерани, а руските се потценети, велат аналитичари за „Њујорк тајмс“.

Според аналитичарите, ваквите модификации укажуваат на можен обид за ширење дезинформации во режија на Москва, но, сепак, објавувањето на дел од оригиналните документи, кои вклучуваат фотографии од графикони на очекуваните испораки на оружје, проценки на силата на баталјонот и други планови, претставуваат значаен безбедносен пропуст на американските разузнавачки служби.

Документите не содржат конкретни борбени планови во кои е наведено како, кога и каде Украинците планираат да ја започнат својата офанзива, за која американските власти велат дека е „веројатна“ во текот на следниот месец.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Увид во работа на клучката бул. „Никола Карев“ со бул. „8-ми Септември“ 07.4.2023

Следно

Македонија и Турција потпишаа договор за културна соработка

Latest from Blog

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието

Коди Гакпо и неговата сопруга го загубија синот

Трагедија во семејството на репрезентативецот на Холандија, Коди Гакпо. Тој и неговата сопруга, Ноа ван дер Беј го загубија синот за време на бременоста, и тоа двојката го сподели преку социјалните мрежи.

Над 10.000 граѓани на Мисисипи го тужат Маск: Ѕидовите се тресат, бучавата е неподнослива

Тужбата е поднесена како колективна тужба во име на голем број жители кои велат дека нивниот квалитет на живот значително се влошил од почетокот на работата на енергетските објекти дизајнирани да го
Go toTop