САД ги кочи плановите за внесување на Украина во НАТО

April 7, 2023
1 min read

Додека меѓу членките на алијансата има очигледни разлики околу ова прашање, кои треба да бидат испеглани до самитот во јули, Зеленски јавно кажа дека ќе се појави на самитот во Вилнус само ако таму на Украина и бидат дадени јасни чекори кон членство во НАТО.

Алијансата уште во 2008 се согласи дека Украина некогаш ќе стане членка, но од тогаш нема ништо дополнето на таа тема. Во тоа време САД се залагаа за зближување на Украина кон НАТО, додека Франција и Германија беа против за да не се испровоцира Русија.

Столтенберг минатиот месец на земјите членки им претстави предлог документ за „практичната и политичка“ понуда за Киев, кој содржеше и предлог за нова декларација за врската на Украина со НАТО, која би се надоградила на изјавата од 2008.

За сега меѓу сојузниците има огромен опсег и несогласување околу тоа што точно треба да и се понуди на Украина во Вилнус, кој ќе треба да биде договорен во следните недели.

Она околу што се согласни сите 31 членка е дека членство на Украина на краток рок не е изводливо и не може сериозно да се дискутира за тоа дур трае војната.

Она околу што има голем судир е притисокот и согласноста на се повеќе членки за давање „политички пат“ на Украина за членство во Алијансата што би ги засилило врските меѓу двете страни. Главен противник на ова е САД, кои повеќе инсистираат на краткорочна воена, финансиска и хуманитарна помош, посебно во делот со снабдување на Украина со муниција.

Ставот на САД е дека сега треба да се спаси Украина како „суверена и независна држава,“ а дури потоа да се размислува за нејзино внесување во НАТО.

„Источноевропејците секако се обидуваат да дојдат до формула која ќе го започне процесот. Тие сакаат да не внесат во процес кој неизбежно води до нивната посакувана крајна цел (украинско членство) а други се колебаат за тоа,“ изјавил неименуван извор за Фајненшл тајмс.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Останати се уште 200.000 денари: Општина Карпош ги повика граѓаните да аплицираат за субвенции за велосипеди

Следно

Маричиќ: Партиите нека не се плашат, не гледам зошто да не учествуваат во работната група за уставни измени

Latest from Blog

Спектакл и шок за Арсенал: Солзи на “Емирејтс“, овој Јунајтед е некој друг, фантастичен Јунајтед!

ФОТО:facebook.com/manchesterunited/ Уф, каков спектакл на “Емирејтс“? Ова го може само во Премиерлигата. Супер – дербито меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед заврши со триумф на гостите од 2:3. Ете тоа е ефектот наречен

Oбилни дождови и високи температури: Какво време најавуваат од УХМР за следните денови?

Претежно облачно време ќе преовладува денеска низ земјава, со повремени локални врнежи од дожд, најизразени во северозападните и југоисточните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе бидат во форма на слаб снег.

Аталанта со “покер“ ја “поздрави“ Парма, Џенова ја доби Болоња!

ФОТО:facebook.com/atalantabc/ Аталанта славеше против Парма во Бергамо со резултат од 4:0. Избраниците на Џан Пјеро Гасперини ја оправдаа улогата на фаворити против „Млекарите“. Домашниот тим поведе во 15-тата минута кога Џанлука Скамака
Go toTop