Работниците-штрајкувачи од париската канализација натрупаа мртви стаорци пред градската општина

April 6, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Работниците-штрајкувачи од градската канализација на Париз, главниот град на Франција, се собраа пред градската општина во знак на протест поради тешките работни услови и ниските плати, јавува Анадолу.

Со цел да го свртат вниманието кон себе поради тешките услови за работа и ниските плати, вработените од градската канализација пред градската општина фрлаа мртви стаорци што ги понеле со себе.

„Сакаме поголем персонал и повеќе финансиски средства. Ние работиме во сектор во кој во период од 10 години изгубивме 60 наши колеги“, извикуваа вработените од градската канализација, со цел општинските власти да го слушнат нивниот глас.

Откако вработените од градската канализација инсистираа на демонстрации, беа примени од градската службеничка Ен Сурис (Anne Souyris).

Зборувајќи за францускиот ТВ-канал „БФМТВ“, Сојрис рече дека се свесни оти е потребна регулатива што подобро ќе ги штити собирачите на ѓубре и работниците на градската канализација.

Сурис рече дека претходно не знаеле за штрајкот, инаку во спротивно ќе работеле на решавање на проблемот пред да се дојде до сегашната ситуација.

– „Стаорци трчаат наоколу“ во Париз

Илјадници тони ѓубре се натрупаа во Париз откако работниците за собирање на ѓубрето стапија во штрајк кон средината на март, во знак на протест заради реформите во пензискиот систем.

Во главниот град стаорците почнаа да „трчаат наоколу“ поради фактот дека ѓубрето не се собираше од улиците во многу области подолг период.

Собирачите на ѓубре го прекинаа штрајкот на краток период, но најавија дека од 13 април ќе започнат штрајк на неопределено време во Париз.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Внукот на Кенеди ќе го предизвика Бајден: Влегува во трката за претседател на САД

Следно

Апсења за дрога во Центар и Ѓорче Петров

Latest from Blog

Аријана Гранде реагира на номинацијата за Златен глобус: Малку сум изненадена

Популарната 32-годишна актерка и пејачка беше номинирана минатата година за првиот дел од филмот, а сега и за продолжението во 2025 година. Изненадена и длабоко почестена Во интервју за „The Hollywood Reporter“,

Конечно: Ова е вистинскиот Јунајтед!

ФОТО: Manchester United/FB Конечно. Ова е вистинскиот Јунајтед, убедлив, разигран, па макар и против најслабиот тим во ПЛ. Манчестер Јунајтед го победи Вулверхемптон во 15-то коло од Премиер лигата со резултат 4:1,

Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH, НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ПРОГРАМА НА ЕУ

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар и европскиот комесар за здравство и безбедност на храна Оливер Вархеји денеска во Брисел го потпишаа документот со кој Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH и,
Go toTop