Министерот за одбрана на Украина во посета на Атина

April 6, 2023
1 min read

Министерот за одбрана на Украина Олексеј Резников денеска ќе биде во посета на Атина, соопшти грчкиот министер за одбрана Никос Панајотопулос, говорејќи вчера во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Панајотопулос рече дека претпоставува дека за посетата може да има многу дискусии, многу шпекулации, многу анализи околу тоа зошто доаѓа, што ќе побара, дека можеби Грција ќе испрати воени авиони итн.

Меѓутоа, истакна дека ставот на Атина уште од првиот момент е „јасен и недвосмислен“: го даваат она што можат да го дадат и не даваат ништо што и најмалку би ги ослабело нивните сопствени одбранбени способности.

-Грција нема да испрати „Леопард“ 2А6 во Украина. Има испратено некои БМП, треба да испрати уште некои. Има испратено муниција од различен калибар. Ако имаме можности од вишокот, ќе помогнеме, бидејќи од првиот момент кажавме дека помагаме во секоја борба против секаков ревизионизам, истакна Панајотопулос.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Бугарија уапсен малолетник за десетици дојави за бомби во школи

Следно

Бејл го прекина медиумскиот молк за да го прослави бруталното издание на Реал против Барса (ФОТО)

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop