Бејл го прекина медиумскиот молк за да го прослави бруталното издание на Реал против Барса (ФОТО)

1 min read

Герет Бејл одлучи да започне сериозен медиумски молк откако објави крај на играчката кариера, па од фудбалот се дистанцираше се до оваа вечер во која видовме брутално издание на Реал Мадрид.

Велшанецот најубавите моменти во својата кариера ги мина на „Сантијаго Бернабеу“, а сега покажа дека Реал се уште му е при срце и со големо задоволство ја прослави победата над Барселона.

Реал Мадрид после девет години ќе се бори за трофејот во Копа дел Реј, сето тоа како последица на страшно добрата претстава која ја имаа избраниците на Карло Анчелоти во вториот полуфинален меч со Барслеона.

Поразот од 0:1 на „Бернабеу“ беше надополнет со импресивни 0:4 во домот на Барселона, резултат кој го воодушеви и Бејл кој се јави со објава на социјалните мрежи.

– Неверојатни перформанси, – порача Бејл.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Министерот за одбрана на Украина во посета на Атина

Следно

Жестоки борби на подрачјето на Бахмут: Украинските војници порачаа дека ќе се борат докрај

Latest from Blog

Нови вакцини против ХПВ

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај