Поранешниот италијански премиер Берлускони хоспитализиран на интензивна нега во Милано

April 5, 2023
1 min read

РИМ (АА) – Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, се наоѓа на одделот за интензивна нега во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано поради респираторни проблеми, соопшти италијанската новинска агенција АНСА, пренесува Анадолу.

Медиумскиот могул и премиер во три мандати минатата недела беше отпуштен од оваа болница.

Портпаролот на Берлускони не беше достапен за коментар.

Берлускони (86) во изминатите неколку години се соочи со неколку здравствени проблеми, меѓу кои и срцев удар во 2016 година, за кој неговиот доктор рече дека можело да биде фатален, како и итна операција на цревата во 2019 година.

Во 2020 година тој имаше компликации од КОВИД-19, за кој изјави дека му било најлошо искуство во животот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Турскиот министер Чавушоглу остро ја осуди рацијата на израелската полиција во џамијата „Ал Акса“

Следно

Продолжува градежната офанзива низ улиците во општина Кисела Вода

Latest from Blog

Турците во неверување, ѕвезда на репрезентацијата најави крај: Засрамени сме!

Фото: https://www.tff.org/ Турската фудбалска репрезентација го заврши учеството на Светското првенство по само две кола од групната фаза, а елиминацијата предизвика големо разочарување кај играчите и навивачите. По поразот од Австралија, Турците

Неделен преглед на Македонската берза: Комерцијална банка и Алкалоид меѓу најтргуваните акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15.06.2026 до 19.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 80.489.314,85 денари, од кои

(ВИДЕО) Трамп: ДА НЕ ЈА ИСФРЛЕА РУСИЈА НЕМАШЕ ДА ИМА ВОЈНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тековната војна меѓу Москва и Киев најверојатно ќе била избегната доколку Русија останела членка на тогашната Група осум (Г8). „Најверојатно немаше да ја имате војната меѓу
Go toTop