Макрон пристигна во Кина: Разговорите со Си Ѓинпинг ќе траат шест-седум часа

April 5, 2023
1 min read

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг претходно изјави дека кинескиот претседател Си Ѓинпинг и Макрон ќе разговараат за продлабочување на соработката на различни полиња меѓу Кина и Франција, како и меѓу Кина и ЕУ и ќе разменат мислења за главните меѓународни и регионални чувствителни прашања

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во државна посета на Пекинг, објави кинеската централна телевизија.

Авионот на францускиот претседател слета на меѓународниот аеродром во Пекинг. Посетата на Макрон ќе трае од 5 до 8 април, тој ќе ги посети Пекинг и градот Гуангжу во јужната кинеска провинција Гуангдонг. Телевизискиот канал објавува дека ова е трета посета на Макрон на Кина како претседател на Франција.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг претходно изјави дека кинескиот претседател Си Ѓинпинг и Макрон ќе разговараат за продлабочување на соработката на различни полиња меѓу Кина и Франција, како и меѓу Кина и ЕУ и ќе разменат мислења за главните меѓународни и регионални чувствителни прашања. Во исто време Елисејската палата објави дека францускиот претседател ќе помине вкупно од шест до седум часа во разговори со кинескиот лидер.

Макрон и Си Ѓинпинг последен пат се сретнаа на маргините на самитот на Г-20 во Индонезија во ноември 2022 година, додека последната посета на францускиот претседател на Кина беше во 2019 година. Претходно Елисејската палата истакна дека е дојдено време да се обноват контактите со кинеските власти и дека страните сакаат да дадат нов поттик на дијалогот за глобалните прашања. Според кинеското Министерство за надворешни работи, Макрон ќе има одвоени состаноци со кинескиот премиер Ли Чианг и со претседателот на Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес Жао Леџи.

На своето патување Макрон е придружуван од претставници на голем број големи компании, меѓу кои, според „Политико“, се претставници на авијацискиот концерн „Ербас“, енергетската компанија ЕДФ и инженерската компанија „Алстом“, пренесе РИА.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Трамп се врати во Флорида откако се изјасни за невин по 34-те обвиненија во Кривичниот суд во Њујорк

Следно

Гази Баба дава субвенции за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друго алтернативно гориво

Latest from Blog

ПОЧИНА ПИСАТЕЛОТ ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ

Во Скопје вчера почина поетот, раскажувач и писател за деца Цане Андреевски, само пет дена пред неговиот 95. роденден, соопшти семејството. Прозаист и поет од постарата генерација македонски книжевни автори, Андреевски со

Тоа што една иста работа Мицкоски ја повторува три, четири пати, не значи дека е точно

Дали Македонците конечно ќе престанат да се плашат од нивните сенки и иднината? Се разбира, доколку им дозволи нивниот страв, пишува Љупчо Поповски во колумна за Дојче Веле. Љупчо ПОПОВСКИ Има еден

Маск формира нова политичка партија во САД

Милијардерот Илон Маск најави формирање на нова политичка партија во САД наречена Американска партија, еден ден откако спроведе анкета меѓу своите следбеници на социјалната мрежа Икс за потребата од нова политичка опција.

На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, поради зголемена фреквенција

Андријана Будимир нов тренер на женскиот ракометен клуб Војводина

Женскиот ракометен клуб Војводина официјално објави дека нов тренер на првата екипа ќе биде Андријана Будимир. Поранешната европска шампионка со Кометал Ѓорче Петров го прифати предизвикот и ќе го предводи тимот низ
Go toTop