Австралија го забранува ТикТок на службените уреди

April 4, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Австралиската Влада денес одлучи да им забрани на своите службеници да ја користат кинеската апликација за споделување видео ТикТок на службените уреди, пренесува Анадолу.

Јавниот обвинител Марк Драјфус ја одобри забраната за кинеската апликација на уредите што ги користат владините службеници.

„Забраната ќе стапи во сила веднаш штом ќе биде изводливо“, рече Драјфус.

Тој нагласи дека исклучоци ќе има само во одредени случаи и со соодветни безбедносни мерки.

Австралија е најновата членка на „Пет очи“, разузнавачка алијанса што ја сочинуваат Австралија, Канада, Нов Зеланд, Велика Британија и Соединетите Американски Држави, за да им забрани на своите службеници да ја користат кинеската апликација на службените уреди.

Претставниците на ТикТок во Австралија ја нарекоа одлуката разочарувачка.

„Ние сме крајно разочарани од оваа одлука. Според наше мислење, ова е водено од политиката, а не од фактите“, рече управниот директор на ТикТок во Австралија, Ли Хантер, според АБЦ њуз.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светски познатиот уметнички тандем Дан и Лиа Пержовски гости на МСУ Скопје

Следно

Скопски саем: Над 15.000 посетители го посетија Саемот на мебел 2023

Latest from Blog

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На
Go toTop