ФОТО: Може да и позавидат и модните икони, ова е новата прва дама на Црна Гора

April 3, 2023
1 min read

Животната сопатничка на новиот претседател на Црна Гора негува едноставен и класичен стил којшто има нота на елеганција.

Јаков Милатовиќ, новиот претседател на Црна Гора, дознавме синоќа по вториот круг на претседателските избори.

Младиот политичар којшто на себе го навлече целото внимание од регионот, победата ја прославил во својот штаб со соработниците и сопругата Милена која му била најголемата поддршка во текот на кампањата.

Новата прва дама на Црна Гора за оваа прилика избрала фустан на преклоп, модел со маслинесто зелена боја и долги ракави кои паѓаат до колената.

Станува збор за уште една во низата нејзини елегантни и сведени модни комбинации какви можевме да видиме изминатава седмица во финишот од претседателската трка.

Кога овој пар излегол на гласање, во Универзитетскиот центар во Подгорица се појавиле еднакво елегантни, а Милена Милатовиќ тогаш носела одело.

Нејзиниот избор бил светлосин комплет којшто бил составен од панталони со рамен крој и струкирано сако, а поради тоа што пастелната нијанса на боја се комбинира со светлите тонови под сакото носела едноставна блуза и лакирана беж чанта.

Два дена претходно, на завршната конференција на Јаков Милатовиќ, неговата сопруга исто така носела светлосина облека, а тогаш се појавила во отмен фустан со А-крој.

Станува збор за затворен модел со широки ракави со ¾ должина и лелеаво здолниште.

Кога во првиот круг се појавиле на гласањето, Милена Милатовиќ повторно избрала дводелен сет којшто бил составен од килоти и лежерно сако, исто така во комбинација со бела блуза.

Овојпат избрала рамни чевли, модел инспириран од балетанки и тоа црвено-бели.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Финска утре влегува во НАТО

Следно

Општина Гази Баба ќе помогне за собирање пари за лекувањето на Никола

Latest from Blog

Николоски: Во Брисел за инфраструктурата, Планот за раст и проширувањето на ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе земе учество на официјални средби организирани од Европската Комисија. На средбите ќе се

Вкупниот промет на Македонската берза над 21,4 милиони денари, МБИ10 порасна 2,60 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.044,58 поени. Во однос

Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв

Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај

Нетанјаху тужи новинари и медиуми

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски куќи и шестмина новинари во Израел поради извештаи во кои се тврди дека тој лично бил предупреден за нападот на Хамас
Go toTop