Бугарите во Македонија најмногу гласаа за Борисов, Петков победи во Прилеп, Скопје и Струмица

April 3, 2023
1 min read

Во Северна Македонија се гласаше на седум избирачки места – во Скопје, Битола, Струмица, Тетово, Охрид, Кавадарци и Прилеп. На изборите можеа да гласаат и оние што не се пријавиле, а и оние што имаат и времени патни исправи

Во Бугарија вчера се одржаа парламентарни избори на кои, според последните податоци објавени од Централната изборна комисија, води коалицијата ГЕРБ-СДС со 26,67 отсто од гласовите. Овие избори беа петти по ред во две години откако и по последните избори ниту една партија и коалиција не успеа да формира влада поради што Бугарија функционираше со службена влада.

Бугарите во странство вчера гласаа на 737 избирачки места во 61 држава. Најмногу гласачки места беа отворени во Велика Британија – 118. Во Северна Македонија се гласаше на седум избирачки места – во Скопје, Битола, Струмица, Тетово, Охрид, Кавадарци и Прилеп. На изборите можеа да гласаат и оние што не се пријавиле, а и оние што имаат и времени патни исправи.

Според податоците од Централната изборна комисија, најмногу гласачи имало во Скопје – 185, а најмалку во Тетово – 8.

Вкупниот број бугарски државјани што гласале на овие избори во Северна Македонија бил 452.

Според резултатите од изборите, најмногу гласови добила коалицијата на Бојко Борисов ГЕРБ-СДС – 143. Коалицијата на Кирил Петков Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ) освоила вкупно 127 гласа. По нив следуваат Преродба со 39 и Движење за права и слободи (ДПС) со 35 гласа.

Во продолжение погледнете ги резултатите од гласањето поединечно во секое избирачко место во РСМ.

Битола вкупно гласале 55 лица

ГЕРБ-СДС – 20
Преродба – 5

Коалиција Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ) – 8

Кавадраци – вкупно гласале 36 лица

ГЕРБ-СДС – 17
Коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ) – 1
Движење за права и слободи ДПС – 6

Охрид – вкупно гласале 65 лица

ГЕРБ-СДС – 23
Преродба – 4
Коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ) – 13
Движење за права и слободи ДПС – 16

Прилеп – вкупно гласале 39 лица

ГЕРБ-СДС – 5
Преродба – 10
Коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ) – 7
Движење за права и слободи ДПС – 6

Скопје – вкупно гласале 185 лица

ГЕРБ-СДС – 54
Преродба – 11
Коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ) – 71
Движење за права и слободи ДПС – 5
Има таков народ – 7

Струмица – вкупно гласале 64 лица

ГЕРБ-СДС – 23
Преродба – 2
Коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ) – 25
Движење за права и слободи ДПС – 1

Тетово – вкупно гласале 8 лица

ГЕРБ-СДС – 1
Преродба – 1
Коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ) – 2
Движење за права и слободи ДПС – 1

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нафтените профитери треба да ја платат обновата на Украина

Следно

Земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди рускиот регион Камчатка

Latest from Blog

Макрон: Разговарав со Трамп, подготвени сме да испратиме војска на Ормутскиот теснец

Макрон се огласи на социјалните мрежи за да каже дека детално разговарал за ситуацијата на Блискиот Исток со Трамп. „Ги пофалив решителните напори што ги предводи за постигнување договор меѓу САД и

Средба Хоџа – Варанк: Зајакнување на соработката со Турција во пресрет на COP31

Во рамки на МЕФ 2026, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари билатерална средба со Фатма Варанк, извршна директорка на COP31 и заменик-министерка за животна средина, урбанизација и климатски

Рокас: Напредокот во енергетиката ја приближува Македонија до ЕУ

Скопје, 1 јуни 2026 – Усвојувањето на стратешките документи во енергетиката и напредокот во процесот на правична транзиција претставуваат значаен чекор за Северна Македонија на патот кон членство во Европската Унија, оцени
Go toTop