Борел: ЕУ ќе се спротивстави на секоја злоупотреба од Русија како претседавач со СБ на ОН

April 2, 2023
1 min read

Европската унија (ЕУ) ќе се спротивстави на секоја злоупотреба од руска страна за време на нејзиното претседавање со Советот за безбедност на ОН во април, изјави денеска во Брисел првиот европски дипломат, Жозеп Борел.

-Доаѓањето на Русија за претседавач со Советот за безбедност на ОН вредно е како првоаприлска шега. И покрај тоа што е постојана членка на Советот за безбедност, Русија продолжува да ја крши самата суштина на правната рамка на ОН, рече Борел.

Русија од вчера го презеде претседавањето со Советот за безбедност на ОН во текот на април, а Москва соопшти дека нејзината делегација ќе ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Првиот состанок на Советот за безбедност под руско претседателство треба да се одржи утре, но тоа ќе биде само вообичаените разговори зад затворени врати за работната програма за месецот.

Потоа, како што е вообичаено, новиот претседавач, рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, треба да има прес конференција на која ќе ги изложи чекорите што треба да се преземат во текот на месецот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера повика на „реформа на глобалните институции, вклучувајќи го и Советот за безбедност на ОН“.

-Терористичката држава мора да биде спречена да го уништи светот. Терористите мора да изгубат, мора да бидат одговорни за теророт и никаде да не претседаваат, рече Зеленски. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хари Мегваер го напушта Манчестер Јунајтед и се враќа во Лестер

Следно

Неколку десетици илјади учесници на „Маршот за правда“ во Приштина за поддршка на Хашим Тачи и другите обвинети во Хаг

Latest from Blog

ИЗРАЕЛ ВЕЌЕ НЕМА ДА НАПАЃА ЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРА – ако Иран му се настрви на Катар, ќе се соочи со ПЕКОЛ од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел повеќе нема да извршува напади врз главните објекти за природен гас во Иран. Неговата изјава доаѓа во време на зголемени тензии и се чини дека
Go toTop