Герасимовски за барањето на Арсовска за враќање на Ќосето: Згрешена ви е адресата, обратете се во Собранието

April 2, 2023
1 min read

„Ќосето нема никаква врска со Општина Центар, ниту, пак, е лик од локално значење и оттаму ова прашање не може да се третира на општинско ниво“, вака ѝ одговори градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, на скопската градоначалничка Данела Арсовска откако таа побара враќање на споменикот на Ќосето

Општина Центар нема надлежност во делот на поставување споменици. Вака градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, одговорил на барањето на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред комплексот судови во Скопје.

Во соопштението на Општина Центар се вели дека согласно Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја, надлежностите за подигнување споменици се кај Собранието, додека општините можат да подигнуваат спомен-обележја само за личности и настани од локално значење.

„Согласно членовите 3 и 5 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја е дефинирано дека Настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Северна Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата, се во надлежност на Собранието на Република Северна Македонија“,

потенцираат од општината.

Затоа градоначалникот на Центар посочува дека барањето на Арсовска е пратено на погрешна адреса.

„На погрешна адреса е испратено барањето. Ќосето нема никаква врска со Општина Центар ниту пак е лик од локално значење и оттаму ова прашање не може да се третира на општинско ниво. Град Скопје треба да се обрати до Собранието. Што се однесува до самиот споменик, во минатото институциите утврдија бројни законски прекршувања при поставувањето на истиот, меѓу кои и Законот за поставување на спомен обележја. Верувам дека институциите во однос на овој случај ќе постапат целосно според законот, бидејќи во минатото истиот предизвика многу контроверзии“,

вели Герасимовски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мигрантите во САД сами ќе бираат пол

Следно

Бројот на заболени од карцином во светот се очекува да се зголеми за 55 отсто до 2040 година

Latest from Blog

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот

Вардар ги пушти влезниците за евронатпреварот во продажба

ФК Вардар по неколку години повторно ќе ја претставува Македонија во еврокуповите. Со освојувањето на Купот на Македонија претходната сезона „црвено-црните“ добија право на настап за Конференциската лига на УЕФА. Вардар во

Обвинение за судија од Кавадарци – го упатил осуденикот во погрешен затвор

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 4 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во текот на 2024 година,
Go toTop