Гордана Јанкулоска во Идризово џогира, чита книги и стоички се справува со дискриминациите – вели нејзиниот сопруг и адвокат

March 31, 2023
1 min read

Мојата 75-годишна мајка ја игра улогата на мајка на 4-годишниот Петар, вели Влатко Илиевски, кој им се заблагодарува на воспитувачките во градинката кои го прифатиле како свое дете

Јанкулоска во „Идризово“ комуницира со ексшефицата на СЈО, Катица Јанева, но за дневни потреби, а не за обвиненијата, вели Илиевски

Гордана Јанкулоска е во одлична психофизичка состојба, достоинствено и стоички се справува со сите малтретирања и дискриминации, а како семејство имаме можност да се гледаме само три пати месечно во времетраење од еден час, вели Влатко Илиевски, сопруг и адвокат на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

Илиевски вели дека во затворот „Идризово“, каде што е на издржување на четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“, Јанкулоска џогира секојдевно и се храни здраво, па затоа нема простор за грижа од тој аспект. На прашање дали можноста за средби три пати месечно од по еден час се однесува и на четиригодишното дете што го имаат, тој одговори потврдно.

Од гостувањето на Влатко Илиевски во „360 степени“ на ТВ Алсат

„Мајка ми на 75 години мораше да упадне, практично таа се пресели кај нас и ја игра улогата на мајка. Морам да ги поздравам и да се заблагодарам на воспитувачките и учителките во градинката каде што оди, го прифатија како свое дете и свесни за тоа што му недостига во животот, се обидуваат и тие, на еден или на друг начин, да му го компензираат тоа со грижата што му ја даваат во градинка. Така што, се снаоѓаме“,

вели Илиевски.

Јанкулоска во „Идризово“ е сместена во соба наспроти онаа во која казна издржува Катица Јанева, шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кое ги поднесе обвиненијата против поранешната министерка. Тие, како што рече Илиевски, имаат комуникација, но најчесто за дневни потреби, а не во однос на обвиненијата.

„Гордана не е таков тип на човек, не ѝ дозволува домашната култура и воспитување да не комуницира со кого било, па вклучително и со Катица. Нормално, тие комуникации се за некои дневни потреби, прехранбени производи и нешто слично. Значи, нема комуникација во однос на обвиненијата. Гордана не би сакала да разговара на таа тема затоа што сега, пост фестум, што и да каже Катица е беспредметно и нема да смени ништо“,

рече Илиевски.

Прашан за случајот со копањето подземен тунел од затвореници во „Идризово“, преку кој планирале да избегаат, Илиевски вели дека разговарал со неговата сопруга, но таа не дознала повеќе од она што беше пласирано во јавноста.

„Секако е несекојдневен случај и таа од внатре не дозна многу повеќе од тоа што беше проследено по медиумите, но загрижувачки е. Меѓутоа, ако имате предвид дека во последниве 2,5 години таму се сменија 4 до 5 директори, нема да звучи чудно ова“,

кажа Илиевски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ММФ одобри финансиски пакет од 15,6 милијарди долари за Украина

Следно

Лукашенко го брани распоредувањето руско тактичко нуклеарно оружје, вели иницијативата била негова 

Latest from Blog

Првата лиценцирана батерија во Македонија – ФЕРОИНВЕСТ го сподели искуството на саемот „Енерго Технома 2025“

На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку

Бидете внимателни: Греалките можат да бидат причина за пожар, НЕ правете го ова

Според статистичките податоци, греалките се втора најчеста причина за пожари поради неправилно ракување. Бројните предупредувања од електричарите деновиве се однесуваат на правилно ракување со грејните тела, бидејќи голем процент од пожарите настануваат

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа
Go toTop