Субвенции за санација на постоечките лифтови и поставување нови во Карпош

March 30, 2023
1 min read

Општина Карпош од денеска започна акција за субвенционирање за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување на нови лифтови на станбени згради за колективно домување на своја територија. Општината за таа намена обезбеди четири милиони денари од својот буџет, известуваат од локалната самоуправа.

-По тој повод, Општината објави Јавен повик кој ги содржи Правилникот за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка. Субвенциите ќе се доделуваат по принципот прв дојден – прв услужен, се до исцрпување на средствата. Висината на субвенциите ќе изнесува најмногу до 50 отсто, но не повеќе од 500.000 денари од вкупниот износ на вредноста за поправка и/или санација на постоечкиот лифт или поставување на нов лифт, соопштуваат од Општина Карпош.

Притоа, процесот ќе содржи услови и критериуми за субвенционирање и категоризација на згради. Имено, потенцијалните корисници на субвенцијата треба во целост да ги исполнат општите услови според кои треба да се регистрирани како заедници на сопственици или пак со заедницата да управува правно лице – Управител.

-Тие треба да достават и имотен лист, не постар од шест месеци, со кој се докажува сопственоста на станот. Како кусо појаснување – потребно е да се достави имотен лист за секој стан засебно, со кој ќе се потврди сопственоста на апликантите, најмалку 50 отсто плус еден сопственик од сите станари во зградата, велат од општината.

Како посебни услови кои треба да бидат целосно исполнети од страна на потенцијалните корисници на субвенции од овој вид, се вбројуваат предиспозициите дека станбените згради треба да бидат постари од 25 години и доказот за староста на објектот да биде потврден со Изјава на нотар или со достава на купопродажен договор за стан.

-Заедницата на сопственици треба да достави и доказ дека има отворено сметка за резервен фонд, да има донесено одлука за избор на најповолна понуда за изведувач и за надзор на изведба за поправка и санација на постоечки или поставување на нов лифт, посочуваат од локалната самоуправа.

Процесот на евалуација на пристигнатите апликации ќе го утврдува 11 члена Комисија, која ќе врши увид во соодветноста на пристигнатата документација, по што ќе доставува и извештај за својата работа до градоначалникот на Општина Карпош. Листата на потенцијалните корисници на субвенции ќе биде објавена на веб страницата на Општина Карпош и на огласната табла на Општината.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Азербејџан презеде контрола врз стратегиски точки во Источен Зангезур

Следно

Во кутии со банани пронајдени 1,2 тони кокаин

Latest from Blog

Лондонската полиција ја презема потрагата по барателот на азил кој по грешка беше ослободен од затвор

Метрополитенската полиција во Лондон денес соопшти дека ја презема контролата врз потрагата по барателот на азил Хадуш Кебату, етиопски државјанин кој по грешка беше ослободен од затвор во петокот. Кебату беше по

Тие ќе „погодат џекпот“ овој викенд: Кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа денес и утре?

Викендот носи блага, но моќна енергија – спој на разум, интуиција и емоции, а за три знаци вистинска магија е на повидок. Викендов, на 25-ти и 26-ти октомври, носи идеален баланс меѓу

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на изборите, затоа во втор круг со голема масовност да ја заокружиме бројката од 59 градоначалници

Ви благодарам за поддршката во првиот круг. Нијанси фалеа за да се заврши работата уште во првиот круг, но ние сме ВМРО-ДПМНЕ, ние одиме по потешкиот пат, ката што во втор круг

Меџити: Проектите во Дижонска се доказ дека Чаир се развива рамномерно

Во населбата Дижонска се заокружуваат инфраструктурните инвестиции кои последниве месеци интензивно се реализираат во Општина Чаир. Избраниот градоначалник Изет Меџити денес беше на лице место и ја посети улицата „Халим Халимиќ“, која

Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на претседателот на ФУЕН, Винце

Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше доделена на Федералната унија на европските националности за заложбите и поддршката што ја дава за Македонците во Албанија. -Огромна чест ми беше во име
Go toTop