Ја разбирам фрустрацијата, но не ги драматизирајте уставните измени и искористете ја добрата волја на ЕУ, порача австрискиот претседател

March 29, 2023
2 mins read

Прашан дали Австрија ќе се вклучи во европската дипломатија за убедување на македонскиот опозициски блок во однос на уставните измени, австрискиот претседател не прецизира конкретно, но кажа дека следниот чекор, односно впишувањето на Бугарите во Уставот не треба да се драматизира

Говорејќи во оваа насока на заедничката прес-конференција со австрискиот претседател, претседателот Стево Пендаровски кажа дека за обезбедување двотретинско мнозинство во парламентот, со цел спроведување на уставните измени, не би сакал да види каков било друг пристап освен искрен разговор со опозицијата

Австрискиот претседател Александер ван дер Белен, кој е во дводневна посета на Скопје, изрази уверување дека земјава ќе успее да ги направи потребните уставни измени за да може да ги убеди европските партнери со конкретни резултати, а со тоа и да го продолжи патот кон Европската Унија.

„Имам разбирање за фрустрацијата што е присутна во однос на преговорите со Унијата, но поради тоа е важно да се искористат овој моментум и зајакнатиот интерес на Европската Унија за да не се изгуби дополнително време. Убедени сме дека ќе успеете да ја направите измената на Уставот и потоа по план да тече процесот за прием во ЕУ, а Австрија целосно ќе ве поддржува на тој пат. Се надевам дека овој следен чекор ќе се реализира наскоро“,

рече австрискиот претседател на прес-конференцијата со шефот на државата Стево Пендаровски.

Фото: Кабинет на претседателот Пендаровски

Прашан дали Австрија ќе се вклучи во европската дипломатија за убедување на македонскиот опозициски блок во однос на уставните измени, австрискиот претседател не прецизира конкретно, но кажа дека следниот чекор, односно впишувањето на Бугарите во Уставот не треба да се драматизира.

„Не би сакал премногу да се изјаснувам во однос на внатрешнополитичките прашања во Северна Македонија, но денеска во Собранието ќе одржам говор и ќе ги замолам сите пратенички групи кон ова прашање да постапат со длабоко размислување и да размислуваат долгорочно, имајќи на ум дека заштитата на малцинства во земјава и онака, колку што јас можам да проценам, е нешто што се подразбира. Следниот чекор сега, според мене, не би требало да биде драматизиран“,

додаде Александер ван дер Белен.

Говорејќи во оваа насока на заедничката прес-конференција со австрискиот претседател, претседателот Стево Пендаровски кажа дека за обезбедување двотретинско мнозинство во парламентот, со цел спроведување на уставните измени, не би сакал да види каков било друг пристап освен искрен разговор со опозицијата.

„Не би сакал да видам каков било друг пристап во обезбедувањето на тие две третини во Собранието. Ве уверувам дека ако влеземе со искрена намера за да се разбереме тогаш аргументите се наша страна, вклучително и мене, дека внесувањето на Бугарите во нашиот Устав е бенигно и на ниеден начин не ја загрозува македонската сувереност, независност ниту европскиот пат“,

рече шефот на државата Стево Пендаровски.

Фото: Кабинет на претседателот Пендаровски

Додаде дека доколку обврската што Северна Македонија ја презема со усвојување на преговарачката рамка не биде спроведена до крајот на ноември 2023 година, тогаш европскиот пат на земјава ќе биде одново блокиран, но овој пат, како што нагласи Пендаровски, со сопствена одлука.

„Ако некој може да испреговара подобра преговарачка рамка, јас ќе бидам првиот што ќе му честита на тоа, меѓутоа ве уверувам да не се обидуваат да го прават тоа денес, утре или следната година затоа што нема да има шанса одново да се преговара една работа која е веќе договорена со 27 земји членки на ЕУ. Значи, вие утре може да имате најдобра идеја, меѓутоа ако сите земја членки на ЕУ, вклучително и Бугарија, не се согласат со вашиот предлог, останува преговарачката рамка која е верификувана во македонскиот парламент со гласање“,

потенцира Пендаровски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Границите на економското војување

Следно

Турските безбедносни сили неутрализираа четворица терористи во областа Хакќари, запленети оружје и муниција

Latest from Blog

10 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ПРОМЕТ НА БЕРЗАТА: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.236,21 поени. Во

Чеферин му испрати жестока порака на Инфантино: Не ме интересира…

ФОТО: UEFA.COM Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, отворено го повика претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да се повлече од функцијата, предупредувајќи дека ќе се соочи со сериозен предизвик на изборите за претседател

Битола со рекордни вложувања во спортот и силна поддршка за културата

Летото влегува во својата завршница исто како и битолското културно лето „Бит Фест“, но и реализацијата на големите спортски училишни инфраструктурни проекти кои изминативе месеци со голема динамика се градеа. За „Бит

Кина повлекува над 4 милиони возила поради ОПАСНОСТ ОД СКРИЕНИТЕ РАЧКИ НА ВРАТИТЕ

Кина иницираше повлекување на повеќе од четири милиони возила поради безбедносни проблеми со скриените рачки на вратите кои се вовлекуваат во каросеријата. Мерката опфаќа 2,98 милиони автомобили на Tesla произведени во Кина,

Активни четири пожари и четири под контрола

Во изминатото деноноќие во земјата се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти утрово Центарот за управување
Go toTop