Општина Илинден набави нова професионална опрема за комунални активности

March 29, 2023
1 min read

Со континуираното модернизирање и обновување на опремата на јавните комунални претпријатија се овозможува поквалитетна, побрза и поефикасна комунална јавна услуга за граѓаните, но и придонес Општина Илинден денес да биде една од најчистите општина во државата и во регионот, истакна градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, на промоцијата на новата опрема.

– За поквалитетно одржување на јавната чистота, одржување на јавните зелени површини и паркови набавена е професионална опрема: моторни коси, бензинска косилка, моторна дувалка, телескопска пила како и тракторска косилка. Во насока на обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните, општина Илинден континуирано работи на опремување и модернизирање на јавните општински комунални претпријатија, велат од Општината.

ЈКП „Илинден“ е ангажирано за собирање, изнесување и депонирање на комунален отпад од населението и индустријата, одржување на јавната чистота, чистење на јавни површини, уредување на паркови, зеленило, парк-шуми, садење на ниска и висока вегетација, уредување и одржување на улици, сообраќајници и пешачки патеки, одржување на јавно осветлување, стопанисување со спортските објекти на територијата на општина Илинден, како и оџачарски услуги и управување и одржување на гробишта.  

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓукановиќ: Ако останам претседател, Црна Гора ќе влезе во ЕУ во следните 5 години

Следно

Границите на економското војување

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop