Македонија има четири порази на четирите меча од Лигата на нации, па по лошите резултати на социјалните мрежи најпрви се огласи капитенот Енис Барди, а сега порака испрати и напаѓачот Бојан Миовски.
„Мораме и можеме повеќе. За овој дрес, за Македонија.“ – напиша фудбалерот на Глазгов Ренџерс.
Фудбалската репрезентација на Македонија последната победа ја забележа на 7 септември 2025 година, а последниот гол го постигна во поразот (7-1) од Велс на 18 ноември 2025 година, а беше дело токму на Бојан Миовски.
Извор: sportmanija.mk



