Божиновска: Со Бугарија отвораме нови можности за енергетска соработка

October 6, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Белград оствари билатерална средба со бугарската министерка за енергетика Ива Петрова, во рамки на Вториот министерски самит на Македонија, Бугарија, Грција и Србија.

На средбата, на која присуствуваа претставници на Министерството, МЕПСО и НОМАГАС, како и високи претставници на бугарски енергетски компании и институции, биле разгледани конкретни можности за продлабочување на соработката во енергетиката.

Посебен фокус бил ставен на батериските системи за складирање електрична енергија. Македонската страна изразила интерес за искуствата на Бугарија во однос на техничките решенија, регулативата, финансирањето и реализацијата на ваквите проекти.

Бугарската страна изразила подготвеност да ги сподели своите искуства и експертиза со македонските институции и компании.

На средбата се разговарало и за продолжување на соработката за подобро поврзување на електроенергетските пазари и унапредување на прекуграничната размена на електрична енергија.

Во фокусот била и енергетската сиромаштија, при што двете страни размениле искуства за мерките и политиките што можат да придонесат за подостапна и посигурна енергија за граѓаните.

Божиновска и Петрова разговарале и за идните енергетски планови и проекти на двете земји, како и за можноста за заеднички настап пред меѓународни финансиски институции и донатори за обезбедување средства за стратешки и регионално значајни проекти.

Разговорите ги опфатиле и новите технологии во енергетиката, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу компаниите и институциите од двете земји.

Во тој контекст било нагласено значењето на соработката меѓу МЕПСО, НОМАГАС и МЕМО и нивните партнери во Бугарија, со цел размена на знаења и искуства и реализација на конкретни активности.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

6,2 милиони денари промет на берзата: Алкалоид и Комерцијална банка во фокусот

Следно

​VV do të mblidhet për të vendosur rreth hapave të mëtejmë për presidentin

Latest from Blog

6,2 милиони денари промет на берзата: Алкалоид и Комерцијална банка во фокусот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 06.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.997,17 поени. Во однос

Коњановски: Просторниот план е важен за иднината на Битола и Пелагонискиот регион

Во Битола денеска се одржа регионална јавна расправа по Нацртот на Просторниот план на Република Македонија до 2040 година, со посебен акцент на Пелагонискиот плански регион. Јавната расправа се одржа во салата

ВЛЕН: 428 полицајци Албанци добија унапредување во МВР

Во изминатите две и пол години, во рамки на Министерството за внатрешни работи биле реализирани мерки насочени кон зголемување на застапеноста и унапредувањето на Албанците, нови вработувања и децентрализација на административните услуги,
Go toTop