Маскиран маж провалил во зградата каде што живее Шолц, успеал да ѝ избега на полиција

March 28, 2023
1 min read

Според полицијата, станува збор за обид за кражба, а медиумите пишуваат дека осомничениот успеал да провали и во еден од становите на семејството Шолц, но избегал со оглед дека бил забележан од соседите

Photo: EPA-EFE/CLEMENS BILAN / POOL

Маж со маска на лицето провалил во зградата во која живее германскиот канцелар Олаф Шолц во Потсдам, објавија германските медиуми.

„Шпигел“ објави и фотографија од безбедносните камери на кои се гледа лице со маска, ракавици, светилка и качулка на главата како влегува во зградата.

Портпаролката на полицијата Беата Карделс за весникот „Билд“ изјави дека непознат маж се обидел да провали во стан околу 20:30 часот, но соседот го забележал и пријавил во полиција.

„Пристигнавме во рекордно време, но осомничениот избега“,

рече Карделс додавајќи дека полицијата извршила увид.

Според неа, станува збор за обид за кражба, а полицијата го засилила своето присуство околу зградата и околните населби.

Медиумите пишуваат дека крадецот успеал да провали во еден од становите на семејството Шолц, но тогаш избегал со оглед дека го виделе соседите.

Според „Билд“, германскиот канцелар во тој период не бил во станот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Град Скопје ги отвора понудите од превозниците: На повидок нормализација на јавниот превоз

Следно

Полицијата кај напаѓачката во училиштето во Нешвил пронашла планови за други напади

Latest from Blog

Божиновска од Делфи: Македонија станува клучен енергетски играч со нови партнерства и инвестиции

На маргините на Delphi Economic Forum што се одржува во Делфи, Грција, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, реализираше интензивна агенда на билатерални средби, отворајќи клучни прашања за енергетската

ТРИ ИГРИ, ТРИ ШАНСИ ЗА ДОБИВКА – САМО СО „ЗЛАТНА ТРЕСКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА!

Во продажба е третата серија на инстант лозот „Златна треска“, кој носи возбудливи можности за добивки. Лозот е особено атрактивен бидејќи содржи три различни игри, со кои секој играч има повеќе шанси

Проданоски најави модернизација на игралиштата и нова спортска сала во Мало Коњари

Општина Прилеп продолжува со инвестиции насочени кон подобрување на условите за детска игра и спорт, со акцент на создавање побезбедни, поквалитетни и функционални простори за граѓаните во повеќе населби. Како дел од

Akuo, Eco Logic и Универзитетот „Гоце Делчев“ започнуваат пилот-проект за одржливост во образованието

Штип, 24.04.2026 – Akuo, глобален производител на обновлива енергија, во партнерство со Eco Logic, невладина организација посветена на промоција на еколошките вредности преку образование, и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце
Go toTop