ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШНИ УДАРИ ГО ПОТРЕСОА ЈУЖЕН ЛИБАН – 4 загинати, 20 повредени

September 6, 2026
1 min read

Нови израелски воздушни напади го погодија јужен Либан, при што најмалку четири лица загинаа, а 20 се повредени, објави либанската државна новинска агенција ННА. Во нападите во подрачјето на Набатије била погодена и целосно уништена болницата „Гандур“ во Ал-Набатије ал-Фаука, објект кој со години не бил во функција, а има и повредени. Силен удар бил извршен и во градот Набатије, каде била цел историска зграда во сопственост на братот на пратеникот Насер Џабер, која во минатото била ресторан, а по нападот е целосно разурната.

Нападите предизвикале голема материјална штета и на зградите на регионалното одделение за финансии и одделението за земјоделство во Набатије, кои се наоѓаат во близина на погодената локација. Оштетени се канцеларии, скршени се прозорци и врати, а документи и списи биле расфрлани низ просториите. Оштетени се и десетици продавници и кафулиња во околината.

Претходно израелската војска соопшти дека либанската група Хезболах со два дрона ги нападнала израелските војници во јужен Либан. Припадниците на Израелските одбранбени сили (ИДФ) собориле еден од дроновите, при што нема повредени војници.

Од ИДФ оценија дека нападот претставува сериозно прекршување на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан и соопштија дека поради тоа биле извршени напади врз цели во јужен Либан.

Израелскиот портал Ynet, повикувајќи се на безбедносни извори, објави дека болницата во Набатије не се користела и дека Хезболах наводно ја користел како база. Овие тврдења не можеле независно да бидат потврдени.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три дена вкусови, традиција и музика: Позната целосната програма за „Taste the South“

Следно

Проданоски: Со благослов и молитва осветен храмот „Св. Никола“ во Беровци

Latest from Blog

Проданоски: Со благослов и молитва осветен храмот „Св. Никола“ во Беровци

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на осветувањето на храмот „Св. Никола“ во прилепското село Беровци. На свечениот чин присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, свештенството, голем број

Три дена вкусови, традиција и музика: Позната целосната програма за „Taste the South“

Од 11 до 13 септември, Гевгелија ќе биде исполнета со традиционални вкусови, македонски вина, музика и забава во рамките на четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Препознатливиот фестивалски бренд на

ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина – Трвди КРЕМЉ

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за време на разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараа за можните решенија за украинскиот судир, изјави претставникот на Кремљ, Јуриј
Go toTop