Ердоган: „Ќе работиме деноноќно додека не ги обновиме погодените градови од земјотресот“

March 27, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган уште еднаш истакна дека турските власти ќе направат сè што е потребно за да им помогнат на луѓето во областите погодени од разорните земјотреси на југот на Туркије, јавува Анадолу.

Ердоган ги посети погодените од земјотресот, кои престојуваат во Студентскиот дом во квартот Бујукчекмеџе во Истанбул.

„Нашата цел е за една година да го подигнеме на нозе регионот погоден од земјотресите со изградба на 319 илјади домови со сета потребна инфраструктура, како и општествени и деловни објекти, односно вкупно 650 илјади домови“, рече Ердоган.

Тој истакна дека во последните месец и половина по денот на земјотресот завршени се акциите за пребарување и спасување, реализирана е дистрибуцијата на итната помош и брзо се отстранети урнатините.

Додаде дека продолжуваат со изградба на привремени сместувачки објекти, како и со изградба на постојани домови.

Потсети дека граѓаните на Туркије се покрај погодените од земјотресите од првиот ден.

„Исто така, никогаш нема да ја заборавиме меѓународната помош, особено од пријателските и братски земји“, рече Ердоган.

Истакна дека во изминатите денови ги посетиле погодените градови од земјотресите каде присуствувале на свеченостите по повод почетокот на изградбата на новите станбени згради.

„Ќе работиме деноноќно додека не ги обновиме Кахраманмараш, Хатај, Адијаман, Малатија, Газиантеп и сите наши други градови кои претрпеа штети во земјотресите“, рече турскиот претседател.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш.

Бројот на загинати во разорните земјотреси достигна 50.096.

Над 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и многу други на северот на Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мартинез: Роналдо е важен за Португалија

Следно

Германија погодена од најголемиот штрајк на транспортните работници во последните децении

Latest from Blog

Протести на студентите во блокада и граѓани кои ги подджуваат во поголемите градови низ Србија

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија денеска да протестираат во Белград, Ниш, Нови Сад, Крагуевац и други градови против полициската бруталност и целосно да ги блокираат градовите. Студентите повикаа на

„Но, јас сум среќникот“: Последниот коментар на Жота кон сопругата објавен на Инстаграм – Сонот стана кошмар по само два дена

Два дена пред тешката сообраќајката во која загинаа фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, неговата сопруга Руте објави фотографии на Инстаграм од нивната свадба. Парот се венчаше на

УНРВА предупредува на зголемен глад во Газа, бара итен пристап

АНКАРА (АА) – Агенцијата на Оебдинетите нации за палестински бегалци (УНРВА) денес изрази загриженост поради зголеменото ниво на глад во Појасот Газа, јавува Анадолу. „Во Газа гладот ​​се зголемува. Од глад луѓето

Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани

На 03.07.2025 во 00.25 часот полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по добиена судска наредба од Основен кривичен суд- Скопје, извршиле претрес во
Go toTop