Владата на Франција порача дека нема да ја повлече пензиската реформа и покрај протестите

March 26, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Француската Влада нема да ја повлече контроверзната пензиска реформа и покрај штрајковите, масовните протести и насилството во голем број градови во земјата, известува Анадолу.

Портпаролот на француската Влада, Оливие Веран, за францускиот весник „Журнал ди диманш“ изјави дека нема да ја повлечат реформата дури и ако тоа предизвика нови протести.

„Не можеме да дозволиме да се оправда идејата дека насилството е праведна или толерантна реакција“, рече Веран.

Тој истакна дека во иднина во Франција ќе има и други реформи.

„Меѓу идните реформи некои ќе бидат непожелни, но ќе има и реформи што ќе ги одобри Парламентот и се неопходни за иднината на земјата“, истакна Веран.

Франција се соочува со постојани демонстрации од 16 март, кога претседателот Емануел Макрон и премиерката Елизабет Борн одлучија да ги искористат уставните овластувања за усвојување на Законот за пензиски реформи без согласност на Парламентот.

Во текот на овие протести дојде до насилство и вандализам.

Со реформите се предвидува зголемување на старосната граница за заминување во пензија од 62 на 64 години, како и најмалку 43 години работа за да се оствари правото на целосна пензија. Планот предизвика гнев во јавноста откако беше објавен минатата година, со масовни протести и штрајкови низ целата земја од јануари.

Претходниот ден во демонстрациите низ Франција се приведени 457 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Моментот кога торнадо удри во училиште во Мисисипи

Следно

Судот му забрани на Робињо да го напушти Бразил по затворската казна за силување

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop