Муцунски: Граѓаните добиваат нов и реконструиран булевар, проект кој се реализираше со сериозна поддршка и одговорност на општински служби во Аеродром

March 26, 2023
1 min read

Наскоро треба да финализира една важна инвестиција во Аеродром која се одвива повеќе од две години. Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна објави дека наскоро се очекува да заврши реализацијата на овој проект кој се реализира со сериозна поддршка и одговорност на општинските служби и потенцираше дека обврска на носителите на јавните функции е да ги исполнуваат проектите ветени пред граѓаните, но и да ги реализираат инвестиции кои се важни за граѓаните.

„Граѓаните на Аеродром и скопјани добиваат нов, модерен и реконструиран булевар „Васко Карангелевски“, проект кој се реализира со средства на градот Скопје, но со сериозна поддршка, високо ниво на одговорност и соработка на општинските служби во Аеродром. Во општина Аеродром нема чекање за одговор на барање, нема одолговлекување на предмети и постапки и нема и не смее да има опструкција на барањата кои се доставени од другите општини, вклучително и градската администрација на Градот Скопје. Ние сме различни во одговорноста и во исполнување не ветувањата кои ги даваме пред граѓаните“, напиша градоначалникот Муцунски во својата објава.

Овој проект значително ќе го подобри сообраќајот во општината, но и ќе влијае на подигнување на безбедноста во Аеродром.

„Се радувам за сите нови инвестиции во Аеродром и верувам дека крајното сообраќајно решение ќе биде добра причина граѓаните да заборават на проблемите кои произлегоа од рекордно долгата реализација на овој проект“, заклучи Муцунски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Продолжуваат протестите против реформите во израелското правосудство

Следно

Фатен половина тон кокаин спакуван во пакети со насликани Мики Маус и Плутон, уапсени двајца Црногорци

Latest from Blog

Фото: Чуварката на плажа не излегува од бикини

Познатата актерка Дона Дерико која се прослави со улогата во легендарната серија „Чувари на плажа“,  каде ја играше прекрасната Дона Марко, сега покажа дека годините не ѝ можат ништо и дека за

Лацио минимално подобар од Јувентус

фото: Lega Serie A (X) Фудбалерите на Лацио ја совладаа екипата на Јувентус со минимални 1:0 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Единствениот гол на мечот го постигна Башиќ во 9-тата

Минчев: Движењето ЗНАМ го потврди својот раст и стабилност – резултатот е одличен!

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го потврди својот континуиран раст и стабилизација на политичката сцена по првиот круг од локалните избори. Генералниот секретар на движењето, Горан Минчев, во гостување во централниот дневник

Трагедија во Аргентина: Автобус падна во река, најмалку девет загинати

Девет лица загинаа, а 29 се повредени денес во североисточна Аргентина, каде што автобус падна на неколку метри од мост, откако се судрил ао автомобил, соопштија локалните власти. Несреќата се случила околу 4:30
Go toTop