Бајден и Трудо најавија дека склучиле договор за борба против илегалната имиграција

March 24, 2023
1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо постигнаа договор со цел да ги спречат барателите на азил да ја преминат канадско-американската граница преку неофицијални контролни пунктови

Претседателот Џо Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо најавија дека склучиле договор кој има за цел да го запре протокот на баратели на азил на неофицијалните гранични премини од САД кон Канада.

„САД и Канада ќе работат заедно за да ги обесхрабрат нелегалните преминувања на границите и целосно да го спроведат ажурираниот Договор за безбедна трета земја“,

рече Бајден за договорот при неговата посета на Канада како претседател.

Во говорот пред канадскиот парламент, Бајден ја поздрави посветеноста на северниот сосед на САД да прифати 15 илјади мигранти од американскиот континент.

Американскиот претседател Џо Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо постигнаа договор со цел да ги спречат барателите на азил да ја преминат канадско-американската граница преку неофицијални контролни пунктови.

Во разговорите при средбата, двајцата лидери се осврнале на 13-месечната војна во Украина, воените трошоци, заедничката загриженост за агресивноста на Кина и насилството и политичката нестабилност на Хаити.

Бајден рече дека нивниот заеднички просперитет е длабоко поврзан со заедничката безбедност. Тој рече дека двете земји како членки на НАТО „ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО“.

Трудо рече дека двете земји ќе застанат рамо до рамо со Украина.

„Нашиот начин на живот се соочува со повеќе закани во исто време“,

истакна тој.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Абазовиќ: Предвремени избори што поскоро, но согласно правниот поредок

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го распадна здравството, грешките на лекарите во Македонија ги покрива земјата и власта

Latest from Blog

Божиновска: Инвестираме во хидроелектраните, тие се столб на енергетската сигурност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, д-р Гоце Божиновски, извршија увид во работењето на еден од

Меџити најави нов меѓународен фестивал во Чаир: „Инвестицијата во културата е инвестиција во идентитетот“

Идентитетот на еден народ се чува, зајакнува и пренесува преку културата, уметноста и традициите што ги создаваме за идните генерации, порача градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет

Огромен пожар избувна во бар во Бангкок, најмалку 27 загинати, а осум се тешко повредени (ВИДЕО)

Пожарот започнал во близина на сцената на барот во популарниот кварт Чатучак, а потоа брзо се проширил, прекинувајќи ја струјата и зафаќајќи ја просторијата со чад, велат очевидци. Пожарникарите, кои пристигнале на
Go toTop