Сунак и Нетанјаху разговараа за судските реформи во Израел

March 24, 2023
1 min read

Британскиот премиер Риши Сунак денеска на средба со неговиот израелски колега Бенјамин Нетанјаху го покрена прашањето за судските реформи во Израел, соопшти канцеларијата на Сунак.

– Премиерот Сунак ја истакна важноста на демократските вредности кои се основата на нашите односи, вклучително и предложените судски реформи во Израел, се вели во соопштението.

Нетанјаху претходно беше пречекан пред Даунинг стрит број 10 со свирежи и повици од демонстранти кои се незадоволни од најавените реформи во правосудството во Израел.

Тој се ракуваше со британскиот премиер Риши Сунак на скалите на Даунинг стрит додека стотици демонстранти кои беа во близина носеа израелски знамиња и извикуваа „Нетанјаху оди во затвор, не можеш да зборуваш во името на Израел“.

Сцените во Лондон се повторување на сцените во Берлин, кои се случија претходно овој месец, кога стотици демонстранти се собраа пред Бранденбуршката порта за да протестираат против судските реформи во Израел. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медведев: Ако Киев се обиде да го врати Крим, Русија е подготвена да го употреби апсолутно секое оружје

Следно

Црн професор заробен во анти-расистички пекол

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска во Њујорк на форум за растот и иднината на новата економија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop