Енрике и Гласнер главни фаворити за тренерското место во Тотенхем

March 24, 2023
1 min read

Шпанецот Луис Енрике и Австриецот Оливер Гласнер се главни кандидати да го наследат на тренерското место во Тотенхем италијанскиот стратег Антонио Конте, чие столче е сериозно разнишано, јавија денеска британските медиуми.

Конте има договор со лондонскиот премиерлигаш до крајот на оваа сезона, но сè почести се гласините дека тој би можел и порано да замине од Тотенхем.

Ова особено откако остро ги критикуваше своите фудбалери по ремито против Саутемптон.

Натпреварот на „Сент Мери“ заврши со резултат 3-3, иако гостите од Лондон во последните 15 минути влегоа со предност од 3-1.

„Секогаш барате алиби за играчите. Ги браните од сè и така секој пат. Доста веќе. Ние сме професионалци. Клубот ни плаќа големи плати. Не се платени да бараат алиби, да не покажуваат желба и да немаат одговорност. За мене тоа е неприфатливо, бидејќи прв пат во кариерата се наоѓам во ваква ситуација“, изјави тогаш Конте.

Италијанскиот тренер седна на клупата на Тотенхем во ноември 2021 година и од него се очекуваа големи резултати во лондонскиот клуб. Меѓутоа, англиските медиуми пишуваат дека Конте би можел да добие отказ веќе во текот на оваа репрезентативната пауза, а како негови можни наследници се споменуваат Енрике и Гласнер.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нетанјаху во Лондон пречекан со свирежи и повици поради реформите во правосудството во Израел

Следно

Во турскиот град Малатија се сруши петкатна зграда

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop