Георгиевски кажа кои проекти ќе се реализираат во Илинден во 2023 година

March 24, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска беше на увид на изградбата на кружен тек во населеното место Илинден.

– Денеска сме на увид на изградба на кружен тек во населено место Илинден. Кружен тек кој што ќе ги спојува трите најглавни артерии во населено место Илинден, па може да кажеме и на општината, и уште една четврта ново планирана улица. Овој кружен тек и те како ќе биде подобрување за безбедноста во сообраќајот и ќе го среди сообраќајниот хаос во населеното место Илинден, вели Георгиевски.

Георгиевски кажа дека во исто време се работи на на пешачки патеки.

– Паралелно со изградбата на овој кружен тек се работат и пешачки патеки околу него, ќе следи комплетно осветлување, партерно и хортикултурно уредување. Во овој момент исто така денеска ја завршуваме и пешачката патека која ја реконстуиравме на улица 2 од 620 метри. Овој период и следниот период се работи и на други проекти, само ќе спомена веќе во завршна фаза и во пуштање во употреба на колекторскиот систем во должина о д 4 и пол метри меѓу населените места Илинден и Марино веќе се работи на приклучоци. Во месноста Јака фекалната канализација во должина од 6.300 метри е изграден, и таму може приклучоци да се поставуваат, кажа Георгиевски.

Градоначалникот на Илинден кажа и кои проекти ќе се реализираат во 2023 година.

– Во оваа година ќе започнеме со реализација на дел од планот за фекална канализација во населба Илинден месноста Плац. Се работи на нов проект на канализација во населено место Кадино, а исто така ќе ги реконструираме патот Миладиновци – Бујковци во должина од 1.500 метри, патот Хиподром Илинден во должина од 700 метри, ќе започне втора фаза на реконструкција 532 во населено место Марино што го поврзува со Кадино и ќе градиме ново мултифункционално игралиште во населено место Илинден, а ќе се реконструираат и постоечки спортски игралишта во Кадино, Миладиновци и други населени места, ќе се градат детски паркови, ќе ја пробиеме новата трим патека, ќе работиме на доградба на градинката за проширување, нови 300 квадрати градинка и тоа е планирано оваа година, и многу други проекти кои што периодот ќе ги реализираме, вели градоначалникот.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Германија: Авиокомпаниите принудени да ги откажат летовите од аеродромот во Минхен поради штрајк

Следно

Поради најавените протести одложена посетата на британскиот крал Чарлс на Франција

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop