Туркије пречека скоро 4 милиони странски туристи во првите два месеца од годинава

March 24, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Вкупно 1,87 милиони туристи ја посетиле Туркије во февруари оваа година, што е пораст од 21,35 отсто во однос на минатата година, покажуваат официјалните податоци објавени денес, јавува Анадолу.

Според податоците на турското Министерство за култура и туризам, во февруари 2022 година Туркије ја посетиле 1,54 милиони странски туристи, додека во истиот месец 2021 година околу 538.000.

Истанбул, најголемиот град во Туркије по бројот на популацијата, е на врвот на листата на странски посетители, привлекувајќи 1,08 милиони туристи.

Следува Едрене, област во северозападниот дел на Туркије што се граничи со Бугарија и Грција, со 222.554 посетители, а туристичкиот град Анталија пречека 196.492 туристи.

Од 1,87 милиони туристи, Русите сочинуваат 12,17 отсто од сите туристи, потоа Бугарите со околу 151.000, Германците со речиси 149.000, Иранците со 113.000 и Грузијците 104.000.

Во периодот јануари-февруари Туркије привлече 3,88 милиони странски туристи, што е пораст за 37,3 отсто од истиот период минатата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо нов рекордер според репрезентативни настапи

Следно

Приведен скопјанец поради џебни кражби

Latest from Blog

Проданоски: Вечерва започнува 23. Пиво Фестивал – Прилеп ги отвора вратите за посетителите

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека градот е целосно подготвен за почетокот на 23. издание на Пиво Фестивалот, еден од најзначајните туристички и културни настани во земјата. Според него, Општина

Еден од најстарите фудбалски клубови во Португалија отиде во банкрот!

Еден од најстарите фудбалски клубови во Португалија и официјално – банкротираше. Боависта ги суспендира сите активности откако клубот не успеа да ги собере потребните средства за да продолжи со работењето за време

Пред концертот во Скопје, Или Лимани со Меџити го посети Универзитетот „Мајка Тереза“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со познатиот албански музички уметник Или Лимани, го посети Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, каде одблиску ја проследија изградбата на универзитетскиот кампус. Меџити истакна дека

По екстремните горештини, силно невреме однесе два животи во Франција

Најмалку две лица загинаа откако силно невреме ја зафати Франција во текот на ноќта, по долг период на екстремно високи температури, додека околу 53.000 домаќинства во петокот останаа без електрична енергија, јавија
Go toTop