Општина Кисела Вода донираше книги напишани со Брајово писмо за децата од „Димитар Влахов”

January 4, 2023
1 min read

Обезбедена е донација на книги напишани со Брајово писмо кои за првпат во Македонија излегуваат од печат, за дечињата со оштетен вид од ДУРМДОВ ,,Димитар Влахов” во Кисела Вода. 

-Денес се одбележува Светскиот ден на Брајовата азбука, а во насока на унапредување на условите за учење и напредок, обезбедена е донација на неколку книги кои за првпат во Македонија излегуваат од печат.Се работи за насловите ,Големата Вода” во три дела, ,,Големи и мали” прв и втор дел, ,,Волшебното самарче” прв и втор дел, ,,Повикот на дивината” прв и втор дел и ,,Силјан Штркот”. Се работи за популарни книги кои сега ќе бидат достапни за слепите и учениците со намален вид, овозможувајќи им да уживаат во литературните изданија исто како нивните врсници, информираше градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. 

-Важноста на овој подарок кој им го обезбедуваме е дотолку поголема ако се знае дека книгите напишани со Брајово писмо се скапи заради специфичниот начин на изработка, а исто така и ретко можат да се најдат и во слободна продажба. Сo учениците од ДУРМДОВ ,,Димитар Влахов” имавме средба непосредно пред Нова Година каде во весела атмосфера, на свечена приредба им доделивме пакетчиња, но воедно од мене добија и ветување дека грижата за нив, за унапредувањето на условите за нивното образование ќе остане високо на листата на моите приоритети на делување како градоначалник, додава тој. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Ако Русија сака суштински дијалог, ќе мора да ги почитува принципите на ОБСЕ и тука нема компромис

Следно

Османи ќе го посети Киев во средината на јануари

Latest from Blog

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од
Go toTop