Осуда од ЕУ за заканата на Медведев кон Меѓународниот кривичен суд

March 23, 2023
1 min read

Европската Унија ја осудува заканата на високиот претставник на Русија, Дмитриј Медведев, за употреба на сила против Меѓународниот кривичен суд и Холандија, земјата во која се наоѓа таа институција, соопшти денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Во врска со изјавата на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, дека хиперсонична ракета може да го погоди судот во Хаг, Борел изјави дека ЕУ „ја потврдува целосната поддршка“ за Меѓународниот кривичен суд.

Тој изјави дека ЕУ ги осудува и мерките што ги објави Русија против обвинителите и судиите на Меѓународниот кривичен суд, вклучени во издавањето налози за апсење на руски претставници.

– Секоја мерка на одмазда против оние кои се вклучени во неговата работа е неприфатлива. Додека се бори против неказнивоста, Меѓународниот кривичен суд мора да може да работи независно и непристрасно, потенцираше Борел.

Тој додаде дека ЕУ „останува посветена да го брани Судот од какво било надворешно мешање насочено кон попречување на правдата и поткопување на меѓународното кривично правосудство“.

„ЕУ ќе продолжи да се залага за универзалност на Римскиот статут и ги повикува сите држави, кои сè уште не го сториле тоа, да размислат за приклучување кон Меѓународниот кривичен суд, така што повеќе нема да има неказнивост за најтешките злосторства“, напиша Борел.

Медведев, поранешен руски претседател, во понеделникот рече дека „не е невозможно да се замисли хиперсонична ракета истрелана кон судот во Хаг од руски брод во Северното Море“.

Пред тоа, на 17 март, Меѓународниот кривичен суд во Хаг објави дека распишал налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин под обвинение за воени злосторства, поради негова можна вмешаност во киднапирањето деца од Украина. Поради слични обвинувања, судот со седиште во Хаг тогаш издаде и налог за апсење на Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесарка во Канцеларијата на претседателот на Русија, задолжена за правата на децата. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Расте гневот во Франција поради пензиската реформа: Блокади на аеродромот „Шарл де Гол“ и железницата во Париз

Следно

ЕБУ бара помош за спас на РТВ на БиХ

Latest from Blog

Меси го испрати рекордот на Кристијано во историја, па заплака: Поминувам низ тешки денови!

Фото: ФИФА Х Лионел Меси постигна хет-трик за прв пат во историјата на Светските првенства една недела пред неговиот 39-ти роденден. Во првиот натпревар на Аргентина на Светските првенства, Меси ги постигна

Работна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска. За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката

Килијан е ЧУДО: Мбапе го урна рекордот на Жиру, сега е блиску и до оној на Клосе!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Ѕвездата на француската репрезентација, Килијан Мбапе, го престигна Лионел Меси по бројот на постигнати голови на Светските првенства. Ова стана факт откако напаѓачот постигна два гола во натпреварот од првото коло

Нова експлозија на Блискиот Исток – Израел прави драматичен потег

Смотрих рече дека многу одговорности во поделениот град Хеброн на Западниот Брег и неговите свети места, вклучувајќи го и Гробот на патријарсите, или Авраамовото светилиште, повеќе нема да бидат под палестинската општинска
Go toTop