Расте гневот во Франција поради пензиската реформа: Блокади на аеродромот „Шарл де Гол“ и железницата во Париз

March 23, 2023
2 mins read

Десетиците илјади демонстранти кои денеска излега на улиците во Париз ги блокираа терминалот на францускиот аеродром „Шарл де Гол“ и шините на една од железничките станици во француската престолнина. Во прекин беа брзите и регионалните возови, париското метро и јавниот транспортен систем во другите поголеми градови. Блокади беа организирани и на главните автопати и клучки за да се забави сообраќајот низ големите градови

На улиците на Париз, но и во други француски градови денеска се случуваат деветтите по ред масовни протести од почетокот на годината откако францускиот претседател Емануел Макрон ја најави пензиската реформа.

Илјадници луѓе денеска излегоа во Париз на масовните протести против пензинската реформа/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Гневот на јавноста дополнително порасна откако француската влада ја искористи својата специјалната уставна моќ за да го усвои законот без гласање во парламентот.

Десетиците илјади демонстранти кои денеска излега на улиците во Париз ги блокираа терминалот на францускиот аеродром „Шарл де Гол“ и шините на една од железничките станици во француската престолнина.

Во прекин беа брзите и регионалните возови, париското метро и јавниот транспортен систем во другите поголеми градови. Блокади беа организирани и на главните автопати и клучки за да се забави сообраќајот низ големите градови.

Во целата земја беа организирани повеќе од 250 протести, а синдикалците ја пофалија значајната мобилизација.

Синдикатите кои ги организираат протестите денеска, по интервјуто на претседателот Емануел Макрон, објавија дека се разочарани и додадоа дека францускиот претседател покажал „презир кон милиони демонстранти“.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин денеска изјави дека дополнителни 12 000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени низ целата земја, од кои 5 000 ќе бидат во Париз, пишува РСЕ.

Дарманин повтори дека во Франција има слобода на изразување, но не и право да се создаваат немири и инциденти на улични протести.

Француската управа за цивилно воздухопловство побара денеска од авиокомпаниите да откажат околу 30 отсто од нивните летови на аеродромот во Париз – Орли и 20 отсто на другите аеродроми.

Ер Франс најави дека ќе ги задржи сите летови на долги релации, особено на меѓународниот аеродром во Париз – Шарл де Гол.

Претседателот на Франција изјави дека непопуларната пензиска реформа треба да се спроведе до крајот на годината и дека е подготвен да биде непопуларен поради тоа.

Во интервју за француските ТВ канали TF1 и France 2, Макрон рече дека реформата е неопходна и дека не ја спроведува од задоволство.

„Не барам да бидам реизбран. Помеѓу краткорочните анкети за популарноста на јавноста и општиот интерес на земјата, јас го избирам интересот на земјата“,

рече Макрон, додавајќи дека е подготвен да биде непопуларен поради тоа.

Французите и дел од опозицијата се незадоволни бидејќи реформата предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Во вторникот Макрон ја отфрли реконструкцијата на владата, распуштањето на парламентот и распишувањето референдум за пензиските реформи. Францускиот претседател рече дека има доверба во премиерката Елизабет Борн, која неодамна го искористи своето уставно право да го усвои нацрт-законот за пензиските реформи без гласање во парламентот.

Затоа претставниците на опозицијата поднесоа две барања за недоверба на Владата, кои не поминаа во парламентот. Ова беше очекувано бидејќи коалицијата на Макрон има релативно мнозинство и законот имаше поддршка од некои опозициски партии, вклучувајќи ја и традиционалната десничарска партија, Републиканците.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Србинот кој не се снајде во Ливерпул, сега е желба на Манчестер јунајтед

Следно

Осуда од ЕУ за заканата на Медведев кон Меѓународниот кривичен суд

Latest from Blog

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош преку националниот портал за е-услуги

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската апликација за закажување термин за издавање на лични документи повторно е достапна

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина
Go toTop