Георгиевски: Создаваме модерни услови во образованието во општина Илинден

March 23, 2023
1 min read

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски го посети подрачното училиште во Бунарџик кое е во рамки на ООУ „Ристо Крле”, каде изминатиов период беа реализирани повеќе активности за подобрување на условите за одржување на наставата.

Георгиевски информираше кои активности биле реализирани во изминатиот период:

-Целосно ново партерното и хортикултурно уредување на училишниот двор кој подолго време беше запоставен;

-Поставени нови детски реквизити, лулашки;

-Поставен нов довод за вода;

-Набавена смарт табла за подобра настава.

Информатичката технологија е значаен сегмент во наставните програми и во таа насока Општина Илинден инвестираше во подобрување на условите за квалитетен образовен процес, каде изминатиов период:

-Набавени се 5 нови паметни смарт табли за повеќе подрачни училишта на ООУ „Ристо Крле“;

– Во Централното училиште во Кадино опремен е кабинетот по информатика со нови лаптоп компјутери, монитори, слушалки, на старите и дотраени училишни клупи заменети се со нови.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот на Албанија, Рама, во посета на Велика Британија

Следно

Мицкоски оствари средба со Бербок: Уставни измени под бугарски диктат нема да има, овој парламентарен состав нема мандат за тоа!

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop