Мицкоски во првата половина на јуни ќе ја реструктуира партијата, а во втората половина Владата

June 2, 2026
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски сè уште не може да каже дали назначувањето нов министер на местото на Арбен Фетаи, кој си даде оставка, ќе биде единствената измена во Владата. Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новиот базен во Карпош, тој најави промени и во партијата и во Владата.

„Сега сум посветен на внатрепартиските поместувања, реструктуирање. Тоа отприлика планираме да го завршиме до средина на јуни и веќе втората половина на јуни да седнеме со владините партнери и да разговараме како понатаму. Мислам дека ќе се добие формата во втората половина на јуни“, рече премиерот Мицкокси.

Вицепремерот за добро владеење Арбен Фетаи вчера преку социјалните мрежи соопшти дека на премиерот Христијан Мицкоски му доставил оставка оти како што наведе, во сегашните околности, повеќе не постојат неопходните услови за функцијата да ја извршува со потребната ефикасност.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски најави ново уредено игралиште во Прилеп

Следно

ЕУ ГИ ЗАОСТРУВА ПРАВИЛАТА ЗА АЗИЛ – Се отвора патот за депортациски центри во трети земји

Latest from Blog

УЕФА разгледува можно исфрлување на Олимпик Марсеј од европските купови

фото: Olympique de Marseille (X) Некогашниот европски шампион Олимпик Марсеј би можел да биде исклучен од европските натпреварувања поради пречекорување на ограничувањето за загуби. Според „Л’Екип“, нето загубите на клубот во текот

Димитриеска-Кочоска: Целосно отплатена еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година

2 јуни 2026, Скопје – Министерството за финансии денеска изврши исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главница и 11,6 милиони евра за камата) со што  во целост е заокружено сервисирањето на обврската по Еврообврзницата издадена

ЕУ ГИ ЗАОСТРУВА ПРАВИЛАТА ЗА АЗИЛ – Се отвора патот за депортациски центри во трети земји

Европската Унија се подготвува за радикално заострување на својата политика за азил. Новата регулатива за враќање, која претставува клучен столб на големата реформа на ЕУ што целосно стапува во сила на 12

Коњановски: Светските сребрени медали се гордост за Битола и Македонија

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со македонските куглари и нивниот селектор, кои на Светското првенство во Австрија остварија историски успех освојувајќи четири сребрени медали во две тандем дисциплини. Стефанија
Go toTop