Туркије ја започна кампањата „Солидарност на векот“ по земјотресите

March 23, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Одделот за комуникации при Претседателството на Туркије ја започна кампањата „Солидарност на векот“ за да го привлече вниманието на солидарноста што ја покажа турската нација по разорните земјотреси минатиот месец, јавува Анадолу.

„За да го намалиме неописливото страдање на нашите браќа и сестри во регионот на земјотресот, да ги залечиме раните и храбро и решително да се бориме со погубните последици од катастрофата, нашата држава и нација ја покажаа солидарноста на векот, што е пример за целиот свет“, изјави денес шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун.

На 6 февруари, земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија 11 области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа. Како последица на земјотресите загинаа над 50.000 лица.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије се засегнати од разорните земјотреси, како и многу други во северна Сирија.

„Ќе работиме деноноќно со сите сили за да ги оставиме овие болни денови зад себе, да ги залечиме раните на Туркије, да ги вратиме нашите граѓани во своите домови што е можно поскоро и да го обновиме и оживееме регионот“, рече Алтун.

Кампањата, која беше започната со слоганот „Заедно сме Туркије“, ја нагласува важноста на солидарноста на државата и нацијата пред неодамнешната катастрофа.

Во рамките на кампањата беше објавен и оглас за јавна услуга од страна на Дирекцијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Само 169 Бугари во Македонија се пријавиле за гласање на бугарските избори, во Охрид ниту еден

Следно

Неидентификувани беспилотни летала нападнаа шлепери што во Сирија влегле преку Ирак

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете
Go toTop