Проданоски: Посетата на шведскиот амбасадор Ола Сулстром e потврда за довербата во прилепските еколошки проекти

May 6, 2026
1 min read

Денеска во Прилеп беше реализирана посета на фабриката за селекција на отпад кај Алинци, во која учествуваа амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, претставници од амбасадата, шведската асоцијација SALAR и работната група од Општина Прилеп.

Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека Прилеп сè појасно се позиционира како пример во државата за селекција и современо управување со отпад, како резултат на континуирана работа и меѓународна соработка.

 

 

Тој посочи дека амбасадорот Сулстром го нагласил значењето на Прилеп и Пелагонискиот регион како водечки во имплементацијата на вакви проекти, со цел унапредување на системот за управување со отпад на национално ниво.

Во рамки на активностите, се работи и на регионалната депонија во Новаци, каде е предвидена и претоварна станица во близина на фабриката кај Алинци, што ќе овозможи поефикасен транспорт на отпадот од повеќе општини.

Проданоски информираше и дека веќе утре се очекува пристигнување на ново возило за ЈКП „Комуналец“, како дел од испораката на вкупно осум нови возила обезбедени преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во тек е и обезбедување електрично напојување за фабриката, при што се очекува наскоро таа да биде ставена во функција. Со нејзиното стартување, како што беше истакнато, ќе се овозможи не само задоволување на локалните потреби, туку и комерцијални услуги за соседните општини.

Проданоски нагласи дека Општина Прилеп продолжува со посветена работа за почист град и поодржлив систем за управување со отпад.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Омерагиќ: Фудбалот ја продолжува приказната за пријателство меѓу Македонија и БиХ

Следно

Димитриеска-Кочоска: Силна поддршка од Словачка за македонските реформи

Latest from Blog

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop