ВЛЕН: Вистинската сила е кај народот, не кај партиските елити на ДУИ

May 6, 2026
1 min read

ДУИ повторно го пушти стариот филм. Народот вели: каде што те боли забот, таму оди јазикот. На ДУИ ѝ боли Изет Меџити, затоа што заедно со народот ги испрати во опозиција, велат од ВЛЕН.

„Нека запомнат добро: Изет Меџити не е производ на канцеларии и милувања од Али Ахмети. Тој има мандат од Албанците, како градоначалник и пратеник. Со глас, со терен, со луѓе. Не како Бујар Османи, Блерим Беџети, Фатмир Бесими и кликава на ДУИ, кои политиката ја сфатиле само како качување на фотелја, тендери и личен комодитет. Разликата е голема. Изет бил меѓу народот во маало, додека тие биле во канцелариите на извршната власт и во пазарите за моќ.

Денес најголемите „љубители на фотелји“ се во ДУИ, таму каде што мала група луѓе околу Али Ахмети ја приватизирале партијата, го туркаат посветениот активист напред како топовско месо, само за самите да се вратат на власт, во фотелји, во тендери и во удобност.

Бујар Османи повеќе од 3.700 дена министер, Блерим Беџети повеќе од 5.500 дена на функции и сѐ уште зборуваат за „заштита на Албанците“. ДУИ Албанецот го гледала само како број за глас, додека функциите како семејно наследство.

Оваа демагогија повеќе не поминува. Народот ги прочита. Тие сѐ уште сонуваат за времето на Груевски, Будимпешта им изгледа како адреса за спас, додека Мијалков го паметат како златен партнер на владеењето.

Веќе две години ги лажат активистите дека „ќе се вратиме на власт“, а одговорот за оваа политичка измама го добија не така одамна на локалните избори, каде ВЛЕН ги разби победувајќи во 10 општини.

ВЛЕН е едно, ВЛЕН доаѓа“, стои во соопштението од ВЛЕН.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина: Војна на САД и Израел против Иран не е легитимна

Следно

Општина Битола: Голем инфраструктурен зафат на булеварот „1 Мај“

Latest from Blog

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop